Во дербито на колото Макпетрол поуспешни од Матрикс

Екипите на Македонски Телеком, Аџибадем Систина и Макпетрол славеа победи во третиот ден од 8. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Во дербито на колото Макпетрол поуспешни од Матрикс

Макпетрол 4-3(3-0) Матрикс

Макпетрол: Марко Костенцовски 28’ Никола Секуловски 3’ Горан Новакоски 17’ 18’

Матрикс: Петре Даиловски 27’ Дарко Цветковски 23’ Мирко Богески 32’

Дербито на колото го отворија екипите на Макпетрол и Матрикс, одлично отварање имаше екипата на Макпетрол која со погодокот на Секуловски во 3та минута успеа да дојде до водство од 1-0. По ова се продолжи во висок ритам на игра во кој екипата на Матрикс го имаше поседот на топката и бркаше израмнување а екипата на Макпетрол со одлично поставена одбрана се закануваше преку контра напади. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол со двата одлични погодоци на Новаковски во 17та и 18та минута успеа да се стекне со комотно водство од 3-0 резултат со кој се замина на паузата. На стартот од вториот дел екипата на Матрикс успеа да постигне погодок, што и даде дополнителен мотив да тргне уште поагресивно кон голот на Макпетрол што вроди со плод во 27та минута и успеа да додје до само гол негатива. Веќе следната минута со голот на Костенцовски Макпетрол повторно се одвои на два гола предност, во 32та минута Богевски стрелаше за 4-3. Последните минути беа вистинска бркотница по теренот во која екипата на Матрикс не успеа да дојде до израмнување и покрај силниот притисок кон голот на Макпетрол, екипата на Макпетрол одолеа на притисокот и славеше со 4-3.

Аџибадем Систина на ниво на задачата во дуелот со Уника

Уника 0-7(0-3) Аџибадем Систина

Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 7’ 24’ 26’ Далибор Дамјановиќ 4’ 32’ Златко Бошковски 36’ Мирослав Неделковски 14’

Екипите на Уника и Аџибадем Систина одиграа натпревар во духот на фер плејот. Во текот на целиот натпревар се играше отворен фудбал и двете екипи играа колективно со контролиран напад. Екипата на Систина уште од самиот старт имаше предност и контрола врз натпреварот. Уника во текот на целиот натпревар се обидуваше да фати ритам но немаа своја вечер што им одеше во прилог на Систина која на полувремето водеше со 0-3 а на крајот го доби овој натпревар со високи 0-7

Македонски Телеком со агресивна игра го совлада ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 3-11(2-3) Македонски Телеком

ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 2’ 40’ Ванчо Петковски 19’

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 8’ Роберт Попоски 37’ Стефан Наскоски 25’ 28’ 30’ Џенис Бекир 7’ 33’ 35’ 39’ 40’ Узунов Марко 16’

Екипата на ЕЛЕМ одлично го отвори натпреварот против екипата на Македонски Телеком со гол во 2та минута. Овој рано постигнат погодок беше знак за екипата на Телеком да го подигне темпото на игра и да започне со поагресивна игра и вршење притисок кон голот на ЕЛЕМ. Таквата игра и донесе погодок во 7та минута и израмнување на 1-1 а веќе во следната минута уште еден погодок за целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето двете екипи успеаа да постигнат по уште еден погодок па на полувремето заминаа со 2-3. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ се обидуваше на сите можни начини да фати резултатски приклучок, но екипата на Телеком имаше целосна контрола врз играта и резултатот па го доби овој натпревар со 3-11.

21 ноември 2019 - 14:28