Лукоил со погодок во последната минута до победа над Тиквеш
Тиквеш 4-5(1-2) Лукоил
Тиквеш: Деко Марков 8’ Филип Велјановски 31’ Ервин Ризаов 34’ Арифи 34’
Лукоил: Александар Аврамовски 6’ 25’ Гоце Мојсоски 29’ Антонио Фенов 18’ 40’
Шетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Тиквеш и Лукоил, прва до водство дојде екипата на Лукоил со погодок во 6та минута. Екипата на Тиквеш за кусо време успеа да ги консолидира своите редови и веќе во 8та минута успеа да дојде до израмнување. По овие воведни погодоци се продолжи со висок ритам на игра а екипата на Лукоил имаше повеќе од играта па на паузата замина со предност од еден гол 1-2. Во второто полувреме двете екипи продолжија со висок ритам на игра на стартот на полувремето екипата на Лукоил успеа да постигне погодок и да го зголеми водството но екипата на Тиквеш не се откажуваше лесно од овој натпревар па со одлична игра особено од 31та до 34та минута кога успеаа да постигнат 3 погодоци и да дојдат до израмнување. Последните минути од овој натпревар беа вистинска драма во која сепак екипата на Лукоил со погодок во последната минута успеа да го добие овој натпревар со 4-5.
Во драматична завршница ЕВН дојде до бодовите со Џојсон Сејфти Системс
Џојсон Сејфти Системс 4-5(0-2) ЕВН
Џојсон Сејфти Системс: Стефче Велковски 31’ Нерди Бајрами 33’ 37’ Живко Стојковски 38’
ЕВН: Виктор Валканчев 27’ Наумче Бадаловски 14’ 03’ Томи Илиевски 23’ Ајет Новобрдалија 20’
Првиот дел од полувремето од натпреварот помеѓу Џојсон Сејфти Системс и ЕВН помина во висок ритам на игра но без шанси за погодок бидејќи двата тима доста претпазливо влегоа во овој натпревар. Како одминуваше времето и двете екипи започнаа со поофанзивна игра што веднаш донесе шанси за погодок на двете страни. Екипата на ЕВН со одличниот погодок на Бадаловски во 14та минута успеа да го отвори резултатот а со одлична игра до полувремето успеа да дојде до предност од 0-2. Во второто полувреме екипата на Џојсон Сејфти Системс фрли се на една карта и тргна во тотална офанзива по израмнување. Таквата отворена игра остави простор во одбраната што екипата на ЕВН знаеше да го казни за да се стекне со комотно водство од 0-5 до 30та минута. Екипата на Џојсон Сејфти Системс успеа со одлична игра во периодот од 31та до 38та минута да дојде до гол негатива и да ја направи завршницата интересна. Во таквата завршница ЕВН успеа да ја сочува предноста и да го добие овој натпревар со 4-5.
Рамстор и Еуро Табак одиграа реми
Рамстор4-4(3-0) Еуро Табак
Рамстор: Азрет Абаз 18’ 24’ Кадир Јахја 8’ 17’
Еуро Табак: Дејан Младеновски 31’ Мартин Ливрински 36’ Григориј Јовановски 26’ 29’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Рамстор и Еуро Табак, и двете екипи во овој натпревар влегоа без калкулација и од самиот старт започнаа со отворен стил на игра. Прва во водство дојде екипата на Рамстор после една одлично одработена акција во 8та минута. По ова екипата на Еуро Табак ја превзеде иницијативата и тргна по израмнување, тие успеаа да створат неколку одлични шанси но не успеаа да реализираат, а екипата на Рамстор тоа успеа да го казни со вториот погодок на Кадир и водство од 2-0. До крајот на полувремето екипата на Рамстор успеа да постигне уште еден погодок и да замине на паузата со комотно водство од 3-0. Во второто полувреме видовме една нова екипа на Еуро Табак која уште на самиот старт започна агресивно да напаѓа кон голот на Рамстор и од минута во минута успеваше да ја топи предноста на Рамстор од полувремето. Екипата на Рамстор не успеваше да ги затвори приодите кон својот гол па екипата на Еуро Табак успеа во 36та минута да дојде до израмнување и да ги направи последните минути вистинска драма. ВО ваквата драматична завршница екипите ги поделија бодовите со резултат од 4-4.