Фудбалскиот клуб Астана кој игра во Лига Европа ја исправил оваа неправда. На 1 октомври во клубот се одржала ждрепка меѓу децата кои тренираат фудбал во школата а кои се родени 2009 и 2010 година.
„Мечот против гигант како Манчестер Јунајтед, од една страна е голем фудбалски празник, а од друга страна одговорност. Затоа управата на клубот реши да направи ждрепка“, стои во соопштението на Астана.
На ждрепката повеќе од 80 деца влечеле ливче на кое имало 4 варијанти: да влезеш на терен на мечот со Манчестер Јунајтед, со Партизан или со АЗ Алкмар во Лига Европа или да добиеш карта за домашниот натпревар со Манчестер Јунајтед која што е, по зборовите на управата, утешителна награда.
Судејќи по реакциите, малите деца биле воодушевени од ждрепката.
Овој клуб во Лига Европа е во група со Манчстер Јунајтед, АЗ Алкмар и Партизан. Во првото коло се држеа добро на „Олд Трафорд“ каде изгубија само 1:0 со гол на 20 минути пред крај. Во 2. коло од групата Л во четврток од 16:50 минути играат против Партизан.