Фабрика Карпош – ГИМ со сигурна игра до победа над А1

Екипите на Гранит, Еуро Табак и ГИМ славеа победи во третиот ден од првото коло во Бизнис лигата на Македонија.

Гранит беше убедлив во дуелот со Уника

Гранит8-4(3-0) Уника

Гранит: Дарко Петров 27’ Дарко Аралампиевски 20’ Пепи Мицев 12’ 23’ Николче Глигуровски 17’ 21’ 24’ 40’

Уника: Васко Кокаланов 28’ Тимотеј Нешовски 27’ 37’ Томислав Јовановиќ 26’

Првиод дел од полувремето во дуелот помеѓу Гранит и Уника помина во мирен ритам без многу шанси за погодок и на двете страни. Како одминуваше времето екипата на Гранит ја превзеде иницијативата и тргна жестоко кон голот на Уника што им донесе водство од 1-0 во 12та минута. Екипата на Уника успеа да создаде неколку шанси за израмнување но не успеа во таа намера што екипата на Гранит го казни со уште два погодоци до крајот на полувремето и водство од 3-0. На стартот на второто полувреме екипата на Гранит успеа да постигне три брзи погодоци и да се стекне со водство од 6-0. Екипата на Уника и покрај сите обиди да фати резултатски приклучок не успеа да ја пронајде својата игра и го загуби овој натпревар со 8-4.

Во неизвесна завршница Еуро Табак до победа над Сава Осигурување

Еуро Табак5-4(3-1) Сава Осигурување

Еуро Табак: Никола Зафировски 15’ Дејан Младеновски 13’ 18’ 34’ Дејан Јанкоски 27’

Сава Осигурување: Коста Глигуровски 37’ 38’ Трајче Илиевски 5’ 25’

Прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Еуро Табак и Сава Осигурување, воведните минути од дуелот и припаднаа на екипата на Сава Осигурување која успеа да постигне погодок во 5та минута и да го отвори резултатот на 0-1. По оваа негатива екипата на Еуро Табак започна со силен притисок кон голот на Сава Осигурување што им донесе резултат во 13та минута и израмнување на 1-1. Овој погодок им даде дополнителен мотив на екипата на Еуро Табак која со уште посигурна игра до крајот на полувремето успеа да постигне уште два погодоци за резултат од 3-1 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и да се доближи на гол негатива. Следуваше брз одговор во 27та минута кога екипата на Еуро Табак успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 4-2. Сепак екипата на Сава Осигурување не се откажуваше лесно од овој натпревар и направи уште еден силен притисок кон голот на Еуро Табак со што успеа повторно да дојде на гол негатива и да ја направи завршницата неизвесна. Еуро Табак не дозволи целосен пресврт па ја однесе победата со финален резултат од 5-4.

Фабрика Карпош – ГИМ со сигурна игра до победа над А1

А1 4-12(2-4) Фабрика Карпош – ГИМ

А1: Мартин Тодоровски 13’ 17’ 40’ Мартин Ташкоски 33’

Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 32’ Александар Божиков 6’ 8’ 29’ Кристијан Панев 21’ 25’ 30’ 39’ 39’ Лазе Божиновски 13’ Филип Илиевски 10’ 31’

Одличен старт за екипата на Фабрика Карпош во дуелот со А1, Александар Божиков со два погодоци во 6та и 8ма минута и донесе солидна предност од 0-2. Екипата на А1 како да беше во шок од оваа негатива па екипата на Фабрика Карпош – ГИМ искористи уште едно невнимание во нивната одбрана за во 10та минута да се стекне со водство од 0-3. Екипата на А1 преку Тодоровски во 13та минута успеа да го намали водството на 1-3, но следуваше брз одговор со евро-голот на Божиков кој во 13та минута успеа повторно да донесе водство од 1-4 за Фабрика Карпош – ГИМ. До крајот на полувремето екипата на А1 со вториот погодокот на Тодоровски успеа да намали на 2-4 резултат со кој се замина на паузата. На стартот од вториот дел екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 2-5. До крајот на натпреварот екипата на А1 со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот, но екипата на Фабрика Карпош – ГИМ имаше целосна контрола врз играта и резултатот и на крај го доби овој натпревар со високи 4-12.

26 септември 2019 - 15:40