Искуството на Сава Осигурување и ја донесе победата во дуелот со ФК на глуви Слобода
Сава Осигурување 5-2(2-1) ФК на глуви Слобода
Сава Осигурување: Јовица Марковски 26’ 36’ Данило Апостолски 9’ Александар Ѓошевски 19’
ФК на глуви Слобода: Самир Чеховиќ 14’
Екипите на Сава Осигурување и Фк на глуви Слобода го започнаа натпреварот со акцент на игра во одбраната што резултираше со цврста одбрана без простор за отворени удари кон головите. Двете екипи воглавно преку контра напади доаѓаа до изгледни шанси за гол. На полувремето Сава Осигурување замина со минимална предност од 2-1. Во второто полувреме Сава Осигурување се префрли на противничко поле и со офанзивна игра успеа да го зголеми водството на 3-1. ФК на глуви Слобода се обидуваше преку колективна игра да фати резултатски приклучок, сепак екипата наСава Осигурување го имаше искуството на своја страна па го доби овој натревар со 5-2.
Ристов со погодок во последната минута и донесе победа на Џонсон Мети во дуелот со ЕВН
Џонсон Мети 5-4(3-4) ЕВН
Џонон Мети: Бојан Дејановски 13’ 16’ Благојче Божиновски 2’ 33’ Бобан Ристов 40’
ЕВН: Наумче Бадаловски 16’ 19’ Томи Илиевски 5’ Ѓорѓи Поповски 11’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и ЕВН, уште од самиот старт на натпреварот двете екипи со офанзивна игра притиснаа кон противничкиот гол. Прва до водство дојде екипата на Џонсон Мети која со погодок во 2та минута го отвори резултатот на 1-0. Екипата на ЕВН имаше брз одговор и во 5та минута успеа да го израмни резултатот на 1-1. По овие воведни минути свете екипи продолжија со високо темпо на ритам и играа гол за гол, сепак екипата на ЕВН беше таа која на паузата имаше предност од 3-4. Во второто полувреме екипата на Џонсон Мети започна со жесток притисок со цел да дојде до израмнување, но екипата на ЕВН одлично ја постави својата одбрана успеваше да одолее на нападите на Џонсон Мети се до 33та минута од натпреварот кога Божиновски успеа да постигне погодок за 4-4. Преостанатите минути од натпреварот беа вистинска драма, а во ваквата драматична завршница екипата на Џонсон Мети преку погодок на својот голман Ристов во последната минута дојде до бодовите. Крај 5-4
Рамстор и Гранит ги поделија бодовите
Рамстор 3-3(1-2) Гранит
Рамстор: Фуркан Муртезан 6’ 31’ Азрет Абаз 35’
Гранит: Дарко Петров 9’ Николче Глигуровски 26’ Александар Димитровски 9’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Рамстор и гранит, уште на самиот старт двете екипи започнаа во напаѓачки стил на игра па почнаа да се редат и шанси на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Рамстор во 6та минута, а неколку минути подоцна поточно во 9та минута со два погодоци едно по друго екипата на Гранит успеа да направи целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Рамстор со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Гранит успеа да одолее на притисокот и на полувреме да замине со предност од 1-2. На стартот на второто полувреме екипата на гранит успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 1-3, ова беше знак за екипата на Рамстор да тргне уште поагресивно кон голот на Гранит за да дојде до израмнување. Тие успеаа во 31та минута да постигнат погодок за намалување на разликата а во 35та минута дојдоа и до израмнување. До крајот на натпреварот двете екипи имаа одлични шанси за погодок но ниту една не успеа во тоа па на крајот ги поделија бодовите со 3-3.
Фидановски во голгетерско шоу го водеше ЈСП до победа над Пекабеско
ЈСП 7-3(3-0) Пекабеско
ЈСП: Велко Серафимовски 36’ Сашо Георгиев 25’ Тихо Фидановски 4’ 10’ 13’ 37’ 40’
Пекабеско: Алвин Бачко 22’ Мартин Чаловски 26’ Ракип Ибраимов 30’
Одличен старт за екипата на ЈСП во дуелот против Пекабеско со погодокот на Фидановски во 4та минута. По оваа негатива екипата на Пекабеско се префрли на противничко поле ја превзема иницијативата и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување. Но екипата на ЈСП со одлично поставена игра во одбраната, а преку контра напади преку расположениот за игра Фидановски успеваше да казни со двата негови погодоци во 10та и 13та минута за водство од 3-0. До крајот на полувремето екипата на Пекабексо имаше неколку шанси да го намали водството но не успеа да реализира па на полувреме се замина со 3-0. На стартот на второто полувреме екипата на Пекабеско успеа да постигне погодок и да ја намали предноста на ЈСП, овој постигнат погодок им даде дополнителен мотив да тргна пожестоко па до 30та минута успеаа да дојдат до само гол негатива 4-3. До крајот на екипата на Пекабеско бркаше израмнување но не успеа во таа намаера па ЈСП го доби овој натпревар со 7-3.