Во сенка на импичментот на Трамп релативно тивко помина обелоденувањето на долгоочекуваниот извештај на генералниот инспектор на американското министерство на правда во кој, според независните, се крие скандал од историска магнитуда. И во врска со ФБИ и во врска со американските медиуми.
Како дел од судска истрага за тоа дали загадениот воздух во Британија ја предизвикало или придонело за смртта на 9-годишното девојче, ќе биде истражувана и улогата на властите во целата работа.
Последните изборни резултати во Велика Британија уште еднаш докажуваат дека Твитер и расположението на него не е никаков индикатор за поширокото расположение на избирачкото тело.
Вчера, 11.12, на 86 години, почина брадосаниот ботаничар кого го паметиме од зимската образовна програма која во осумдесетите ја емитуваше телевизија Белград. Многумина додуша мислеа дека тој е одамна починат, но причината за неговото долгогодишно медиумско отсуство е во нешто друго.
Книгите од овој жанр нудат можност да се исчекори од постојаниот тек на драматични научни откритија и да се анализираат пошироките последици од истражувањата кои се во тек. Книгите на овој список се обидуваат да ја следат долгата приказна за тоа како луѓето станале такви какви што се денес, да ја истражат промената околу нас и ограничувањата на нашето знаење.
Конзервативците ги нарекувале „дувла на разврат“ и „дамка врз репутацијата на градот“. Но јавните тоалети не само што овозможувале намалување на смрдеата и ѓубрето, туку претставувале и места за забранета интимност и отпор кон естаблишментот.
Долгогодишниот претседател на Боливија предвремено го заврши својот мандат со егзил во Мексико. Германски Шпигел разговара со него и што довело до неговото заминување, од лажни извештаи на набљудувачи, до залихите на литиум во земјата.
Се вика Елизабет Бик и се има самопрогласено за детектив кога станува збор за манипулација со визуелни прикази во научни текстови. Ова го работи бесплатно веќе долго време, во обид да го корегира корпусот онлајн текстови врз кои се заснова светското знаење. Од нас - со среќа!
Измените што ги правиш на местото на кое работиш во форма на апгрејд на столицата или бирото, имаат малку или воопшто немаат влијание на тоа дали ќе развиеш проблеми со кичма и врат. Она што има влијание е - стресот.
Научничката која го раскринка митот за изумирањето на поларните мечки остана без работа. После 15 години предавање, нејзиниот универзитет решил да не ѝ го продолжи договорот.
Koга умрел во Швајцарија, Ирците не можеле да бидат порамнодушни. Ги интересирало само дали погребот бил католички. Сега, скоро 80 години подоцна, одеднаш им текна да бараат репатријација на неговите остатоци.
Пред да се прослави со своите трилери, како „Девојката со тетоважа на змеј“, објавени постхумно, тој бил новинар и активист, кој се обидувал да посочи на опасноста од десничарскиот екстремизам и нео-нацистичките групи во Шведска.
Не е ни до ботовите, ни до информациските „меури“, ни до лажните вести. Технологијата прави да веруваме дека имаме пристап до фактите, оние „вистинските“ и „реалните“. Проблемот е што не се едни факти за една работа, многу се.
Двојка од Индијана е обвинета за запуштање и негрижа на дете, откако нивната 11 годишна посвоена ќеркичка ја оставиле самичка во апартман. Само што родителите тврдат дека нивното „дете“ е 22 годишна жена, и тоа психопат.
Сексуални работнички од Невада во која проституцијата е легална а деновиве е центар на интерес поради акцијата за упаѓање во мистериозната Ареа 51, планираат дебело да заработат од таа вирална акција организирана преку интернет. Само еден бордел кој е претворен во тематски забавен парк за возрасни, очекува да заработат 600.000 долари.
Самонаметнатата гастрономска мизерија една веганка решава да ја рашири и на својот комшилук, барајќи од нив под итно да престанат со правење скара во двор.
Навистина, колку пати сте помислиле дека на интернетов има премногу мракови, црни хроники, лажни вести, глупости, а нема нешто што би нè орасположило и би ни дало реална причина за оптимизам? Епа, Дејвид Брн не е од оние што чекаат некој да направи нешто во врска со тоа.
Трамп толку го чеша да се спука со Иран што почна да штанца соопштенија дека тие го кршеле договорот и пред тој да постои (?). За да се спречи уште една криминална и нелегална војна како онаа во Ирак, медиумите треба да го прават она што колективно не го правеа во 2003 година: да ги демаскираат лагите.
Од нашата дамнешна посета на Стоунхенџ ни останало во сеќавање како среде ливада стојат големи камени блокови, додека наоколу нема камен - ни со камен да фрлиш. За тоа од каде пристигнале сега се знае повеќе, но не и за тоа како.
Човекот обвинет за трговија со луѓе и мерак на малолетни Источноевропејки, своевремено имал план за унапредување на човештвото со тоа што масовно ќе затруднува жени на неговиот ранч во Ново Мексико.