Дејвид Брн покренува онлајн списание само со добри вести

Навистина, колку пати сте помислиле дека на интернетов има премногу мракови, црни хроники, лажни вести, глупости, а нема нешто што би нè орасположило и би ни дало реална причина за оптимизам? Епа, Дејвид Брн не е од оние што чекаат некој да направи нешто во врска со тоа.

Дури и во најдобрите времиња (ако некогаш ги имало) не било лесно да си задоволен и среќен. Особено сега, кога изложеноста на стресни информации и мрачни предвидувања за иднината го одземаат раатот.

Сепак, некои луѓе - како Дејвид Брн - веруваат дека токму ваквите времиња се најдобри за развивање на љубопитноста и будење на креативноста во решавањето на најгорливите проблеми. Неговиот најнов проект, „Причини да се биде весел“, е онлајн списание во кое се објавуваат „приказни кои влеваат надеж базирани на докази“, како инспирација за тоа како за светот во којшто живееме да мислиме како за предизвик, а не како за неуспешен проект.

„Тоник“ за ова напнато време, „Причини да се биде весел“ тргнува од претпоставката дека сите сме секојдневно подложени на „нагласена негативност“ која се надвиснува над нашите погледи на настаните и воопшто на светот. Притоа сајтот нуди не лигави, „фил гуд“ вести, туку нешта кои би требало да нè потсетат дека во светот има и позитивни нешта, луѓе кои решаваат проблеми и прават некаква разлика.

Во моментов објавени се статии за тоа како адвокатите би можеле да ја спасат планетата доколку им се з’гнат на трујачите исто онака како што едно време се з’гнаа на тутунската индустрија; за образованието во затвори или за создавањето на јавен парапет од донирана приватна сопственот на езерото Ири. Освен Брн и соработниците во моменталното издание има и текст на Брајан Ино.

30 август 2019 - 18:04