Фернанда Коломбо ја освои јавноста со сјајниот потег на вадење марамче додека сите чекаа жолт картон, а досетливоста не е единствена нејзина најголема предност.
Јувентус секако важи за крал на бесплатните трансфери, бесплатни во смисла да не плати обештетување на последниот клуб за кој играл фудбалерот којшто доаѓа кај нив.
Унгарски Веспрем, кој мораше да се поклони пред Вардар во финалето на ЛШ, имаше сосема добра сезона зошто ја освои титулата во домашното првенство и играше финале на Куп. Од клубот твитнаа интересна листа на најсилни удари сезонава. Многу високо котира Деки Манасков.
Висел Кобе со високи 5-3 ја совлада Нагоја во јапонското фудбалско првенство. По два комада дадоа Давид Виља и Иниеста, а овој вториот постигна гол со што ја збогати колекцијата убави моменти од неговиот престој во Јапонија.
Мексико играше против Костарика во четвртфиналето на Голд Купот и после 90 минути и продолженија резултатот беше 1-1. Мексиканскиот голман Гиљермо Очоа го одбрани последниот удар од серијата на Кејшер Фулер и славјето за полуфинале можеше да почне.
Богатството на најплатените спортисти во светот отиде до бескрај и веќе нема граници кој колку пари прави, било да е од плата каде што работи или од реклами. Не за џабе старите трубат дека порано се играло од ќеиф.
После 30 години седење мирно да ја шминкаат, и тоа некои од најдобрите шминкери што се родиле на светов (Кевин Окуан, Пет Мекграт), може да се каже дека Наоми Кемпбел има пофатено како се прават тие работи. И сега ги споделува со светот.
Моментално Епл, со сите свои илјадници вработени, нема позначаен вработен кој би можел да ја напушти компанијата од Џони Ајв. Инаку, разделувањето не е толку трагично како што на прва може да изгледа.
Реза Парастеш од Иран стана светски познат поради неверојатната сличност со Лионел Меси. Дури и Аргентинецот кога го видел првпат на слика се запрепастил. Но Парастеш ја злоупотребил сличноста со најдобриот играч на светот според многумина.
Во втората шпанска лига Сегунда заврши плејофот за место во елитната Ла Лига од следна сезона. Мајорка го изгуби првиот меч од Депортиво Ла Коруња со 2:0 и кога сите се помирија дека се е готово, островскиот тим направи чудо.
Налик на средовековен храм, „Сан Сиро“ претставува величествена арена која не може да се споредува со кој било друг стадион на светот. Гигантски голем, дом на миланското дерби и со големите црвено-црни и сино-црни знамиња по оградите е нашето детство и наша младост.
Прецизниот и длабоко снеможувачки есап од ретроспeктивната колумна „Saturday Bloody Saturday“ на Борис Дежуловиќ си го посветуваме себеси и на сите познати и непознати лузери кои „беа во тек“ и дозволија животот да им го изедат вестите на кои „не можеме да им се изначудиме“.
Како што легендарниот пенал со шут паненка доаѓа од легендарниот чехословачки репрезентативец Антонин Паненка, така и голот со „криви очи“ е фирмирано дело на Бразилецот Фирмино
Во една ултра луксузна вила јужно од нас, две години по ред доаѓа на одмор гостин од Јуве со годишна плата од 30 милиони евра, јака женска и четири деца. Тој не само што ужива господски, туку им остава бакшиш на домаќините со кои може цело лето да имаат за добар џепарац.
Откако во 180 и кусур минути им дадоа вкупно 8 гола на Хрватска и Англија (4:1, 4:2), Романците предводени од синот на легендарниот Хаџи, Јанис Хаџи се најпријатно изненадување на Еврото и заслужено одат во следна фаза. Еден од најдобрите нивни репрезентативци е голманот на Џенова.
Од основањето на фудбалската репрезентација на Кувајт, оваа селекција до денес играла само едно Светско првенство и тоа едно го одбележал принцот на оваа земја, Шеик Фахад кој слегол на терен.
Како родители, должност ви е да процените дали вашето дете е дете што ќе извлече најубаво што може да се извлече од културни настани, па ќе го носите по изложби и промоции, или имате неподносливо дете што можеби треба да почека неколку години, пред вие да го изведувате на прав уметнички пат.