Отказот стапува во сила некаде кон крајот на годинава, а во соопштението на компанијата за заминувањето на главниот дизајнер, се наведува дека тој ќе основа сопствена компанија за дизајн, Ловфром (LoveFrom), чиј прв муштерија ќе биде Епл.
Освен Ајфон, во 30-годишната кариера во Епл Џони Ајв во своето портфолио го има и дизајнот на Ајмак, Ајпад, Ерподс, и Ајпод.
Своевремено Стив Џобс во интервју изјавува дека Ајв „има поголема оперативна моќ отколку кој било во Епл освен мене“, притоа објаснувајќи го човекот како негов „духовен партнер“.
Меѓу последните проекти на Ајв е новиот седиште на Епл во Купертино и Епл часовникот.
За сега не е именуван наследник на Ајв и неговата позиција некое време че стои празна. Ајв беше назначен за прв човек за дизајн на Епл во 1996.
Објавата за заминување на Ајв инстантно збриша 9 милијарди долари од вредноста на акциите на Епл.