Јонуц Раду е под договор со Интер и важи за еден од најталентираните млади европски голмани. Минатата сезона ја мина на позајмица во Џенова. Тоа го докажа на првите 2 средби од младинското Евро кога имаше чудесни одбрани против Хрватска и Англија.
Но многу навивачи и гледачи крај тв екраните беа збунети кога капитенот на Романија У21 после историскиот триумф од 4:2 над Англија, плачеше и во рака држеше маичка. После мечот тој објаснил дека на маицата е ликот на неговата прерано почината сестра Ема, која што заминала од овој свет кога имала 14 години, а тој имал 9.
„Сè ти должам, те сакам Ема“, е натписот на маичката со ликот на малечко девојче.
По чудесниот триумф од 4:2 над Англија, на прес-конференцијата на Романија после мечот дошле само романски, не и англиски новинари.
На прашањето да раскаже за маичката, тој рекол:
„Откако дојдов во Италија, секаде ја носам маичката со нејзиниот лик. Кога бев помал ветив дека ќе ја носам оваа маичка на сите светски стадиони. Имав само девет години кога почина сестра ми. Маичката секогаш ја оставам покрај десната статива, па имам чувство дека таа е покрај мене“, низ солзи раскажал Јониц Раду кој во моментов е најдобар голман на младинското Европско.
🇷🇴 Ionuț Radu 🙌#U21EURO | @hai_romania
— UEFA U21 EURO (@UEFAUnder21) June 22, 2019
АНГЛИСКИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦ ИСТО СО ТРОГАТЕЛНА ПРИКАЗНА
Младинската фудбалска репрезентација испадна од Евро У21 после поразите од Франција (1-2) и од Романија (2-4).
22-годишниот фудбалер на Лестер, Џејмс Медисон ги играл натпреварите од групната фаза со Франција и Романија во специјално дизајнирани копачки. На десната копачка му бил изобразен ликот на 5-годишното девојче Софи Тејлор која што умрела од рак во јануари годинава.
There is a new angel in Heaven пишува под сликата на Софи Тејлор:
А на левата копачка е насликан ликот на Медисон во маица со натпис „RIP Sophy I love you“:
Таква маичка под дресот Џејмс Медисон носел на мечот против Барнли во март годинава кога постигна гол и ја откри пред гледачите:
Фудбалерот Медисон се запознал со малечката Софи уште во април 2018 година кога уште играше за Норвич.
Медисон редовно ја посетувал во болница, а ја носел и на стадионот во Норвич и подоцна во Лестер. Таа боледувала од рак а борбата против оваа болест ја загубила во јануари годинава.