Таг: романија у21

Кога ќе се рече „Им ја сокрија топката“

Ова не е Бразил, ниту Аргентина или Шпанија, туку Романија У-21 на клучен квалификациски натпревар за пласман на ЕП 2025 против Швајцарија. Со што ли ги ранат децава? Паметот им го земаа.

Како работи Академијата на Георге Хаџи која со свои деца стана шампион на Романија

Најголемиот бисер на романскиот фудбал, Јанис Хаџи, кој блесна на младинското Евро У-21 беше мета на најголемите европски клубови, но се реши да потпише со белгиски Генк. Претставник е на академијата на легендарниот Георге кој му е татко.

Лажњак на колото на „договорена“ средба

На младинското Евро 2019 заврши групната фаза. Во последниот меч на Романците и Французите доволно им беше да одиграат нерешено, без голови за да сигурно одат во следна рунда, Романија како прва, Франција како втора. На крајот „стапот“ го искрка домаќинот Италија за која играа ѕвездите: Мојзе Кин, Федерико Кјеза, Никола Барела, Николо Ѕаниоло и многу други.

Најтрогателните епизоди од Евро У21 со Романец и Англичанец

Откако во 180 и кусур минути им дадоа вкупно 8 гола на Хрватска и Англија (4:1, 4:2), Романците предводени од синот на легендарниот Хаџи, Јанис Хаџи се најпријатно изненадување на Еврото и заслужено одат во следна фаза. Еден од најдобрите нивни репрезентативци е голманот на Џенова.