Лажњак на колото на „договорена“ средба

На младинското Евро 2019 заврши групната фаза. Во последниот меч на Романците и Французите доволно им беше да одиграат нерешено, без голови за да сигурно одат во следна рунда, Романија како прва, Франција како втора. На крајот „стапот“ го искрка домаќинот Италија за која играа ѕвездите: Мојзе Кин, Федерико Кјеза, Никола Барела, Николо Ѕаниоло и многу други.

Италијанците со по 3:1 ги совладаа Шпанците и Белгијците, но изгубија од Полска која заврши прва. Затоа на Италија последна шанса и беше Франција и Романија да не одиграат нерешено, туку кој било да победи. Но овие две свесни за тој податок и свесни колку е домаќинот незгоден на секое првенство, одиграа 0:0 и ги исфрлија Аѕурините од турнирот.

Единствен момент за одбележување од мечот Романија - Франција беше потегот на Флоринел Коман:

26 јуни 2019 - 10:44