Форбс излезе со листа на најплатени спортисти чии суми кога ќе ги погледнеtte логично е да помислите дека се однесуваат на последните 10 години. Е не, тоа e нивна заработка јуни 2018 - јуни 2019.
Најплатените 100 спортисти од 25 земји во 10 спортови во овој период заработиле неверојатни 4 милијарди долари или за 5% повеќе од лани, а на оние од топ 10 им легнале 940 милиони долари.
Челната позиција ја држи Лионел Меси кој кеширал 127 милиони долари, а лани тоа беше Флојд Мејведер кој заработи 285 милиони долари.
Што ли договор ќе имаше Меси во Барселона која за изминативе 12 месеци во плата i бонуси му исплатила 92 милиони долари или што маркетинг фраер ќе беше Федерер кој од оваа дејност заработил 86 милиони долари. Парите од турнирите слободно можел да не ги земе.
Кој што сака нека каже ама ова не е претерано, туку нездраво.
Лионел Меси 92м(плата и бонуси) + 35м(реклами) = 127 милиони долари
Кристијано Роналдо 65м + 44м = 109м
Нејмар 75м + 30м = 105м
Канело Алварез 92м + 2м = 94м
Роџер Федерер 7,4м + 86м = 93,4м
Расел Вилсон 80,5м +9м = 89,5м
Арон Роџерс 80,3 + 9м = 89,3м
Леброн Џејмс 36м + 53м = 89м
Стеф Кари 37,8м + 42м = 79,8м
Кевин Дурант 30,4м + 35м = 65,4м