Има паненка и има фирминка - Боби Фирмино дава голови без гледање

Како што легендарниот пенал со шут паненка доаѓа од легендарниот чехословачки репрезентативец Антонин Паненка, така и голот со „криви очи“ е фирмирано дело на Бразилецот Фирмино

Во 19’ минута од мечот Бразил - Перу, шпицот на домашната селекција Фирмино изврши притисок врз голманот на Перуанците Педро Галезе кој наивно му ја подаде во нога. Топката се одби а Фирмино натрча, ја смири и откако го дрибна Галезе, шутираше во гол без да гледа во мрежата.

Ваквите голови му станале навика на Роберто Фирмино. Во Англија овие погодоци ги викаат No look goals, а во февруари годинава некогашниот фудбалер на Хофенхајм раскажал како почнал со шутирање без да гледа во голот, туку на друга страна:

„Првиот таков гол го дадов за Хофенхајм. Мислам дека игравме со Вердер. Го поминав голманот и дадов гол без гледање. Таа идеја ми дојде спонтано. Дали е ризик? Секако, може да го промашите голот. Но кога имам шанса, секогаш го правам тоа“, рекол Бразилецот во интервју за Bleacher Report.

Вакви голови со гледање скроз на друга страна додека шутира или „со криви очи“ му е фирмиран на шпицот на Ливерпул. Има колекција вакви погодоци:

ХОФЕНХАЈМ - ВЕРДЕР

На 30 август 2014-та година Роберто првпат дал „no look“ гол а мечот завршил 1-1:

БРАЗИЛ - ЧИЛЕ

После пола година (во март 2015) Фирмино постигна уште еден таков гол без гледање. Ова било четврти погодок во неговата кариера со „криви очи“ и втор за репрезентацијата на Бразил:

СЕВИЉА - ЛИВЕРПУЛ

Првиот лига-шампионски гол со „no look“ Фирмино го постигна во ноември 2017 година на гости против Севиља. Со тој гол во 30’ минута Ливерпул поведе со неверојатни 0:3 и сите мислеа дека мечот е готов, но Андалузијците во вториот дел израмнија на 3:3 за уште поголемо чудо.

ЛИВЕРПУЛ - СВОНСИ

На 26 декември 2017 година Фирмино даде гол без гледање против Свонси кога „црвените“ победија со 5:0. Тоа беше неговиот прв „no look“ гол на Енфилд Роуд.

ЛИВЕРПУЛ - ВЕСТ ХЕМ

Мај 2018. Уште една мајсторија со гол со вртење глава на друга страна:

ЛИВЕРПУЛ - АРСЕНАЛ

Во декември 2018 Боби Фирмино го постигна првиот хет-трик во дресот на Ливерпул а воедно го постигна и првиот гол без гледање против тим од Топ6 во Премиер лига.

Во март 2018 година, Фирмино не постигна гол без гледање по еден центаршут, кога проба со пета да го погоди подалечниот агол на мечот со Вотфорд.

24 јуни 2019 - 12:54