Дури 23 жени го пријавиле Реза Парастеш кој ја користел сличноста со Меси за да запознава разни жени и да комуницира со нив. Тој сега за Omasport тврди дека сè е лага и дека тој и неговата фамилија се чувствуваат скршени:
„Оваа вест ме скрши на парчиња во јавноста“, рекол Реза. Во видео интервјуто за Omasport тој додал и дека се работи за „фејк њуз“ и дека некој сака да му нанесе штета од светски размери.
„Ќе сторам сè што можам за правно да ја тргнам оваа брука од моето име“, заклучил Реза Парастеш кого 23 жени го обвиниле дека ги измамил дека е Меси за да заврши во кревет со нив.
Ако сликава не ви беше доволна да се уверите колку Раза личи на Лионел Меси, овде сигурно ќе се уверите.
„Веста се шири по Муслиманските земји и тоа е катастрофа. Веќе бев навредуван поради тоа што сега целиот свет е против мене. Семејството исто ме навредува, но нападите од луѓето од страна беа многу пожестоки“, вели Парастеш и продолжува:
„Драги пријатели, сите сме свесни дека ако оваа вест беше вистина, веќе ќе бев во затвор. Свесни сме дека ова може секому да се случи, може да има обвиненија кои би довеле до мојата пресуда. Тоа би било катастрофа од епски размери. Не верувајте, не е вистина. Ќе направам се што можам легално да го обелам моето име“.
Тој живее во Техеран каде завршил Урбан инжинеринг. Неговата популарност вртоглаво пораснала откако татко му еднаш му рекол да облече дрес од Меси за да го слика. И сликата толку брзо отишла вирално по светот преку Инстаграм и Фејсбук што тој во еден момент дури и решил да порасне брада која уште повеќе го приближува до Меси. Буквално нема разлика меѓу двајцата.