Фернанда Коломбо на времето работела како модел, а од 2014 година кога Бразил го обзема грозница пред Светското првенство, таа почнува да суди средби од бразилската фудбалска лига Серија А. Прво во улога на линиски судија, а набрзо била промовирана и како главен судија.
Пред пар години таа станала судија со знакот на FIFA, а постојат индиции во догледно време да ја видиме и на некое Светско првенство не само за женски фудбал, туку и во машки.