Рајот се вика Коста Наварио, се наоѓа на Пелопонез и е оддалечен од Скопје околу 900 км. Грција е и Полихроно и Пефхохори, ама везе нема тоа со овие луксузи каде не може да стапне било кој.
Гостинот кој две години по ред го одбира ова летувалиште се вика Кристијано Роналдо. Токму на ова место на одмор (или на еден од одморите) беше и ланско лето кога Ањели дојде на лице место за да му го обезбеди потписот.
Зборуваме за вилата „Royal Villa Methoni“ од која здив ќе ти застане. Исто како во Неа Врасна 😊. Непотребно е да се набројува што сè има ова место кое го избрал да летува еден од најбогатите спортисти во светот. Едно ноќевање 8.000 евра.
Роналдо барал задолжително да има базен, фитнес центар, сала за масажи, голф терен и приватна плажа. За што поголема приватност тој фамилијарно се оддалечувал со јахтата за да биде раат.
Персоналот се покажал доста добро, барем така изгледа дека било барем според висината на бакшишот кој им го оставил од 20.000 евра. Тоа било и како некој вид благодарност за тоа што одлично го сочувале од папараците.
Вработените во оваа вила сигурно со душа чекале и се молеле Роналдо да го повтори ланскиот одмор, бидејќи и тогаш им фрли 20че.
А сега фотки од Пефхохори, пардон вилата каде Кристијано тераше господски одмор две години со ред.