Варијантата која прв пат беше идентификувана во Индија минатата година, според СЗО се шири побрзо од другите варијанти на ковид-19. Ова се покажа точно и на терен каде Индија не може да постигне ни да ги згрижи заболените, ни да ги закопа починатите.
„Криминал не векот“ е насловот на еден нов документарец во два дела кој расплеткува како лажливиот маркетиннг и корпоративната алчност произведуваат една масовна медицинска напаст од која гинат половина милион Американци.
Пандемијата, заболените и починатите од ковид ќе ги сопре вакцинацијата, а не маските. Само што, за тоа првото треба некој да се помачи и да сработи, а за второво е доволно да напише указ за задолжителност. И да го има Караџовски кој ќе објасни дека ковидот се дига со прашината кога одиме, недајбоже, трчаме.
Носење маска надвор и потоа ставање на истата во џеб кога ќе влезеш во бар е исто како да носиш кацига дур одиш и да ја извадиш кога ќе се качиш на мотор.
Со тоа што возрасните ќе бидат вакцинирани а децата не, се отвора една зезната, недоволно промислена димензија на пандемијата. Ќе дојдеме во глупа ситуација во која возрасните опуштено ќе се дружат, а децата ќе мораат да се дистанцираат и да носат маски.
Извештајот на Светската здравствена организација за потеклото на Ковид-19 е одек на кинеската пропаганда, пишува Вол стрит журнал во својот едиторијал.
Специјалната известувачка на Обединетите нации за случајот со убиството на Џамал Кашоги добила смртна закана од функционер на владата што е истражувана за убиството.
Над 350 доктори од цел свет тврдат дека има се поголем број докази дека ковид-19 може да предизвика дијабетес (и тип 1 и тип 2) кај некои пациенти, една подгрупа од нив дури тврди дека ковидот може создал целосно нова форма на дијабетес.
Јануари 2013 беше еден од клучните моменти во битката меѓу Вашингтон и Силициумската долина кога луѓето назначени од Обама за спречување монопол одбија да покренат обвинение против Гугл и покрај сите информации што ги имаа.
Најголемото олеснување што денес се чувствува е што може отворено да се зборува за потеклото на ковид-19 (дали е од лабораторија или од животно...) без притоа да звучиш како да го поддржуваш и цитираш Трамп. Кога СЗО тргна со истрагата во Вухан целта беше непогрешливо да се утврди потеклото. Целта, за сега, не е постигната.
Заклучокот на документот што го објави Бајден е дека саудискиот престолонаследник, Мухамед бин Салман, со сигурност одобрил, а најверојатно и го наредил, убиството на Џамал Кашоги.
Меѓу бројните деца што Миа Фароу за жал ги собирала низ годините како докази за нејзината сомнителна човечност, се вбројува и Мозес Фароу - посвоениот син чие сведоштво за настаните околу наводната злоупотреба на Дилан Фароу од страна на Вуди Ален никој не го есапи. Интересното е што сега, откако излезе документарецот на ХБО, повеќе од кога и да е се појавуваат гласови во медиумите што се вртат на страната на Ален - и има зошто. Еве го Мозес Фароу, на сопствениот блог, во детали за тоа како Вуди Ален ниту злоупотребувал една, ниту се оженил со друга ќерка.
Во долга врска, какви и да ни се задоволствата, статистиката вели дека најверојатно ќе поминеме 10% од времето во расправии - и секоја расправија ќе се врти околу самата себе. Ќе има посебен предмет, карактеристики, неправди, глупости и наводни вистини на кои партнерот дава отпор.
Еден од специфичните соеви на ковид-19, оној кој за првпат беше откриен во Јужна Африка, станува еден од најбрзо растечките соеви на коронавирусот. САД пријавија два случаи и што е најлошо во приказната, ниеден од нив не патувал никаде.
Трамп се покажа како кукавица а неговите приврзаници, ако навистина им е до каузата, би требалко да гласаат за Сандерс, оценува словенечкиот филозоф. „Да се надеваме дека она што се случи на шести јануари во Вашингтон ќе стави крај барем на бесрамното испраќање американски набљудувачи на избори во други земји за да ја оценуваат нивната правичност“, порачува Славој Жижек.
Еден од највоинствените лидери на Антифа бил човек кој ги палел и храбрел симпатизерите на Трамп кои упаднаа во Капитол. Иако и самиот објави видео од Капитол, уапсен е денови откако твитерџии го фатија како лабаво шета по улици. А за секој случај, го предал и брат му, што денес и во сталиново време е кул.
Такви се на пример Хилари Клинтон, Меланија Трамп, Кери Симондс… Делат живот со моќни мажи кои другите жени (а можеби и нив) ги третираат ужасно. И, без разлика дали е тоа фер или не, и тие некако треба да одговараат за неприкладното сексуално однесување и политички гафови на нивните сопрузи и дечковци.
Во сенка на импичментот на Трамп релативно тивко помина обелоденувањето на долгоочекуваниот извештај на генералниот инспектор на американското министерство на правда во кој, според независните, се крие скандал од историска магнитуда. И во врска со ФБИ и во врска со американските медиуми.
Како дел од судска истрага за тоа дали загадениот воздух во Британија ја предизвикало или придонело за смртта на 9-годишното девојче, ќе биде истражувана и улогата на властите во целата работа.