Изненадување: Александар Ванг тврди дека не е сексуален предатор

Како снег во јануари е.

Неодамна пишавме за сѐ поголемиот број машки и трансродови модели што излегоа во јавност со обвинувања против Александар Ванг и неговото драпање во диско, напаѓање, убедување, дрогирање, па дури и силување луѓе.

Ванг вика дека тоа не е точно.

„Во последниве неколку дена ме напаѓаат со гротескно лажни обвинувања. Овие тврдења се појачани од социјалните мрежи и профили кои се познати по објавување оцрнувачки информации од анонимни извори со нула докази и проверка на факти. Кога гледам како се шират и повторуваат овие лаги за мене, збеснувам. Никогаш не сум навлегол во такво ужасно однесување како опишаното и никогаш не би се однесувал како што наведуваат. Имам намера да одам до крај и да барам одговорност од кој и да е одговорен за овие тврдења и нивно ширење онлајн.“

За потсетување, манекенот што прв почна со јавно тврдење дека е „сексуално нападнат“ во диско, не го кажа името на напаѓачот. Го препознаа во коментарите.

Сѐ уште е интересно однесувањето на светските медиуми. Кога пребаруваш ‘Александар Ванг’, сега има вести само за неговото одрекување и оградување од обвиненијата. Известување за обвинувањата пред Ванг да реагира немаше ни тогаш, нема ни сега, освен опскурни весници од неанглиско говорно подрачје.

5 јануари 2021 - 13:20