Се откажува Александар Ванг, ама со причина

Манекени и транс-жени почнаа да пријавуваат на социјални мрежи дека модниот дизајнер Александар Ванг ги злоупотребил, од фаќање за газ до силување под дејство на дрога.

Сите овие тврдења можеби и ќе беа под лупа, со оглед на величината и репутацијата на Александар Ванг, да не почнеше приказната сосема неочекувано.

На ТикТок, еден манекен реши да сподели за една ситуација од 2017, кога бил во ноќен клуб полн до степен никој да не може да мрдне. Во еден момент, почувствувал дека некој го гали по нозе и меѓу нозе, а не можел да се движи, се свртел и, според неговите зборови,

„Видов дека е еден многу познат дизајнер. Се шокирав, се смрзнав, па се обидов да се оддалечам.“

Спомнатиот дизајнер искористил гужва.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Diet Prada ™ (@diet_prada)

Клипот на ТикТок станува вирален, без разлика што не се спомнува името на дизајнерот.

Додека не се појави, во еден сигурен коментар - „Александар Ванг е!“

Од таму, почнуваат да дотекуваат пораки од луѓе измалтретирани од Александар Ванг, што со задоволство ги објави Diet_Prada и го разоткри дизајнерот како предатор.

Варира сериозноста на нападите од агресивно инсистирање да му се придружат на афтерпарти, до пробување да соблече транс-жени во јавност, до дрогирање (со дрога во пијачката) и сексуална злоупотреба и малтретирање на геј и стрејт мажи.

„Благодарам што го споделивте ова! Знам многу машки модели што поминале низ слични ситуации и им е непријатно да излезат во јавност, од страв дека никогаш веќе нема да работат или ќе ги сметаат за слаби, што е претажно. Им става дрога во пијалакот или им врши притисок да учествуваат во сомнителни работи, за да може да истера по свое (особено кога ги кани кај него дома)... Игнорира било каква согласност и искористува манекени што се на почеток на кариерата. Многу е одвратен.“

Една од причините поради која на ова му требало толку долго време да излезе во јавност е и фактот што се работи за машки во индустријата, за кои постои уверување дека „нема како да бидат малтретирани“ и нивниот глас никако не се слуша. 

До моментов, медиумите комплетно ја игнорираат приказната.

Спротивно на медиумите, Твитер е спремен.

29 декември 2020 - 12:15