Да се биде згоден е „стејт оф мајнд“ во 2021

На ТикТок сѐ повеќе луѓе прифаќаат „hotness“ како една внатрешна свест, наместо како естетика наметната од општеството.

Во еден свет што згодноќата ја гледа како нешто што е атрибут само од раѓање, или барем постигнато со помош на пластичен хирург, самодовербата често се смета за ароганција. Но во2021, сега веќе сметана за година на позитивност во однос на привлечноста, општеството веќе не одредува колку си згоден. Сега е стејт оф мајнд.

Една 18-годишна тиктокерка, со над 2.4 милиони лајкови вкупно, споделува клипови за самодоверба, врски и себевреднување. Според нејзе, привлечноста значи „самодоверба и сигурност во сопствената индивидуалност“ и се надева дека на жените што ја следат ќе им покаже дека нема срам од самодоверба - со акцент на тоа дека твојата самодоверба не одзема од нечија друга убавина.

Од „длабокото“ доаѓаат негативни коментари - напади, најчесто од незрели момчиња што имаат проблем со женска самодоверба.

Во пандемскиов свет ни снемува изговори за дотерување - активност при која традиционално се чувствуваме најзгодни и најопасни. Без да имаш каде да одиш, да излезеш од пижами и да се нашминкаш од сабајле личи на непремостлива пречка, а хроничниот недостаток на социјална интеракција нѐ тера да мислиме дека нема потреба од разубавување. Истражување направено со 8000 испитаници во Велика Британија, покажало дека 58% од лица под 18 години се чувствувале лошо во врска со својот физички изглед за време на локдаун. Значајно за спомнување е и дека ниската самодоверба е често поврзана со други проблеми со менталното здравје.

Во овој контекст, ненадејната промоција на екстремната самодоверба е добредојдена промена. Без некакви надворешни критериуми, идејата да се биде „hot“ е инклузивна и гради заедница. А постојат и научни докази дека привлечноста не е врзана само со физичкиот изглед, туку и со перцепцијата на карактерот на човекот - според научниците кои се бават со овие истражувања, тоа значи дека самодовербата сама по себе е бескорисна - мора да бидеме и љубезни.

21 јануари 2021 - 00:02