Актуелниот првак на Европа продолжува да гази во групата А од Лигата на шампионите и по 6 кола не го дава врвот на табелата. Избраниците на Раул Гонзалес, за кој деновиве се потврди дека по крајот на оваа сезона заминува во ПСЖ, имаат скор од 5 победи и едно реми.
Пораз од 6:0 на домашен терен не може да не боли, а исто и гол разлика која вели 14 примени и еден даден гол на три натпревари. Затоа критиките од навивачите треба и мора да се сфатат како добронамерни и да бидат поука. Во четвртокот ноќта имаше киксеви кај клубот, играчите, ама и кај Комитите.
Најверните навивачи на Вардар чекаа трибината што повеќе да се поднаполни со цел спремната кореографија да излезе како што треба. Одбројувањето за да ја кренат беше некаде околу 12-та минута (дали симболично или беа приморани тогаш) и цел стадион ги спреми телефоните во раце да слика и снима. Но нешто не испадна како треба. Очигледно требаше да пишува ПИРЕЈ. Утката со кореографијата ја надоместија со громогласно навивање цели 90 минути.
Комитските грла повторно грмеа на запад по завршувањето на вториот меч на домашен терен од ЛЕ, но овој пат песна се слушаше и на спротивната трибина. Шпанците на источната трибина беа околу 200, но направија шоу на празен стадион, па дури скандираа и за македонскиот шампион. Браво.
Фудбалерите на Реал Сосиедад се прошетаа на Филип Втори исто како Зенит. Иако Вардарци добија поголема поддршка на трибините за разлика од тој дуел, не променија ништо ниту во играта, ниту во пристапот. Мечот им беше очај, a стадионот почна да се празни пред време.
Секако дека би било убаво да се прослават првите историски бодови во едно УЕФА натпреварување, но фудбалерите на македонскиот шампион не треба да имаат резултатски императив и треба да играат за душа и за публика.
Околу 200 симпатизери на шпанскиот клуб од Сан Себастијан синоќа и рано утринава пристигнаа во Скопје на мегдан со Вардар во 3. коло од Лига Европа. Им се погоди времето, а сонцето им го заслади и пивцето.
На меѓународната сцена против Зенит дебитираа доста организирано, моќно и без да ги штедат гласните жици, па дури и останаа да грмат на Градски речиси до полноќ. Мечот со Реал Сосиедад им е нов голем предизвик на кој ќе се обидат да експлодираат уште на кортеото кое е најавено за два и пол часа порано.
Ракометарите на Вардар минатиот викенд со 27-24 ја победија Барселона а најзаслужен за историската победа беше голманот Штербик кој денес, сосема заслужено и очекувано е избран за најдобар ракометар во 5 .коло од Лига на шампиони.
Во опуштена и победничка атмосфера по дербито со Шкендија, фудбалерите на Вардар одржаа тренинг на два дена пред 3. коло во ЛЕ, каде ги очекува тешка пресметка против Реал Сосиедад. Капитенот на Црвено - црните не знае за пораз од шпански тим.
Овој Вардар изгледа досадно колку е добар. Овој Вардар изгледа гладен како ништо да не освоил. Овој Вардар не се грижи, ни кој го гледа, ниту зошто го гледа и е фокусиран на совршенство. Овој Вардар ја живее таа лекција дека во спортот не постои вчера...
Европскиот шампион продолжува да ги пишува најубавите страници од својата историја - вечерва во Скопје со 27-24 (16-12) ја победи славната Барселона во 5. коло од групната фаза на ЛШ и сега е сам на врвот.
На овој човек каква и да му се залепи монтажа не изглегува од мода. Некој се сетил тоа да го направи со историскиот меч на Вардар кој го легна на колена Фенербахче среде Турција. Смеењето му е најзаразно на свет.
По трите победи во воведните три кола, Европскиот првак не успеа да го одржи максималниот бодовен учинок во Лигата на шампионите. Избраниците на Раул Гонзалес одиграа натпревар под своето ниво, но успеаа да останат непоразени. Дибиров имаше меч топка за победа.
Вардар викендов беше пуштен на најјако. Фудбалскиот клуб славеше против Слога, ракометниот против Загреб, а пионерскиот оствари чуден рекорд за еден ракометен натпревар.
„Комити“ сериозно се вратија на сцена по бојкотот пред неколку години а доказ за тоа е и добрата организација за европските мечеви. Имаа добра „шеталица“, неколку запалени строба и фантастично навивање без големи падови.
Ако Аталанта игра во Лига Европа одиме на гостување со точаци. Ветено - сторено и тоа ден порано од предвиденото. Не е мал залак. Тоа е како да одите со точак од Скопје до Лефкада.
Фудбалерите на Реал Сосиедад синоќа загубија од Зенит со идентичен резултат како Вардар од Розенборг во групата Л од Лига Европа, а за вториот гол Аргентинецот Херонимо Рули исплива како мало дете.
Фудбалерите на македонскиот првак загубија 3-1 од норвешкиот шампион Розенборг во 2. коло од Лига Европа. Хуан Фелипе постигна убав гол, прв во групната фаза.
Напаѓачот на Розенборг, Никлас Бендтнер котира доста високо во светот на тролањето, но вечерва ќе го напаѓа Вардар како втор стрелец во норвешкото првенство и затоа пожелно е цврство да се чува.
И покрај големиот број на реакции во медиумите и социјалните мрежи и слабата посетеност со Зенит, управата на ФК Вардар не попушта со цените за натпреварот против Реал Сосиедад во Лига Европа.
Норвешка, Русија и Шпанија беа најдалечните можни дестинации кои можеа да им се паднат на фудбалерите на Вардар во дебитанската сезона од Лига Европа. А што да кажат нивните навивачи? Кај ќе се тушираат и ќе мијат заби од денес до четврток и потоа пак назад?