Најверните навивачи на Вардар чекаа трибината што повеќе да се поднаполни со цел спремната кореографија да излезе како што треба. Одбројувањето за да ја кренат беше некаде околу 12-та минута (дали симболично или беа приморани тогаш) и цел стадион ги спреми телефоните во раце да слика и снима. Но нешто не испадна како треба. Очигледно требаше да пишува ПИРЕЈ. Утката со кореографијата ја надоместија со громогласно навивање цели 90 минути.