ФК Вардар во четврток против Розенборг го игра вториот меч од Лига Европа за кој го чека пат до Трондхајм од скоро 7 часа. Не ги жалиме бидејќи ќе се качат во авион каде ќе ги чека топол оброк, еспресо и филм.
Што да кажат навивачите на Вардар кои ќе се укочат од седење и ќе треба да си понесат по 10 сендвичи за патешествието од Скопје до Трондхајм, кое само во еден правец им изнесува 3.250 километри пат.
Комитите за да стигнат до Норвешка треба да ги поминат Србија, Унгарија, Словачка, Чешка, Германија, Данска и Шведска. Пола Европа човече.
Гугл Мапс вика дека за тоа се потребни 36 часа пат, ама каде е застанувањето за во тоалет, истегнување нозе, цигарче и сл.
Дечки среќен пат и алал да ви е за овој ултра ентузијастички потег. Се надеваме дека барем сте се качиле во модерен автобус и сте земале од оние перничињана како кифли што се. Сепак Трондхајм не е Битола.
Соопштението на Комити:
ВАЖНО!!!Комитска Евро-Турнеа...Првото гостување на Вардар во еден натпревар од Лига Европа, и не можеше да биде подалеку, речиси 3300 километри...Поради лошите авионски конекции и неразумните цени на Чартер-Летовите, ова гостување останува да го одработиме онака “Old School” со автобус...Не помина многу долго кога како слоган го прифативме оној дека “За тебе Вардаре и до Сибир малку е”...Не е Сибир, но е тука некаде и според климатските услови но и според оддалеченоста...Собир Денес 26.09 (Вторник) во 11:00ч. на Железничка а ПОАЃАЊЕ во 12:00ч.Ентузијастички потфат, предизвик и вистински тест на издржливоста...Да не бевме Комити ќе речевме дека е тотално надвор од секој разум и логика, но Комити сме, и совршено ни е логично и јасно:Одиме за Трондхајм!!!ПРИЈАВУВАЊЕ ВО ПОРАКИ !!ЗА СИТЕ КОМИТИ Е БЕСПЛАТНО !!