1. Вардар сè уште е далеку од фудбалска европа. Играме во ЛЕ, ама немаме квалитет за таму. Никој не нè прегазил на начин како вчера. Разликата во квалитет со другите противници е огромна, воглавно како резултат на тоа што на неколку позиции сме покриени колку и Младост од Удово.
2. Во управата не постои маркетинг сектор. Подобро да кажат дека немаат вработено лица кои треба да направат проценки околу маркетингот и мерките кои ги превземаат, отколку да се срамат вака. Публиката по краевите со карти од 2000 и кусур денари, оние во централните делови со гага влезници. Легендарно.
3. Скопјани не заслужуваат екипа во Европа, без разлика на тоа што сме раштимана команда и служиме како топовско месо и без разлика на високите цени. Можеше да се крене бунт и да дојде до промени. Тоа што боде очи е дека тие кои беа влезени со гратиси избегаа уште на полувреме. Крајните сектори останаа полни до крај, само доказ кои се оние што треба да бидат наградени, особено што гледале вако очоболен фудбал.
4. На запад покрај навивачи, доаѓаат и тешки морони, ама од најскапан тип. Сто години не се научија каде е копот. Најтрагично е што љангари што по години и години одат на натпревари, уште не знаат дека треба да се позиционираат на исто место како другите. Чив инает се тера? Ајде тие што прв пат дошле, може не разбираат и друг пат нема да дојдат. Ама, вие?
5. На запад никако не може да се изведе една добра кореографија. Одлична работа на момците, многу потрошено време за да се намести и на крај УЖАСНА координација при кревањето на кореото. Секогаш се брза, секогаш крајните делови немаат никакво инфо и се е во урлање и викање, по што никој не разбира што треба да прави. Вчера вината не е кај навивачите, бидејќи добија очајно лоши инструкции од задолжените. Кога видоа дека кореото оди во погрешна насока, како може никој да не изреагира???