Розенборг се пофали дека за разлика од првиот меч во Лига Европа со Днипро пред две години, сега во пресрет на дуелот со Вардар продале 4.000 билети повеќе.
Играат на стадионот Леркендал кој има капацитет од 21.405 седишта и кој една година пред Филип Втори беше домаќин на Супер Купот на Европа на кој се сретнаа Реал Мадрид и Севиља 3:2.
Актуелниот норвешки шампион има 230.000 фанови на Фејсбук или 130.000 повеќе од Вардар, ама нешто пак не штима.
Како е можно за меч од Лига Европа на прес конференцијата на клубот салата да биде празна. Само една новинарка, патем симпатична женска која поставуваше прашања и уште тројца новинари.