Ракометарите на Вардар со победа ја отворија 2017-та во Лигата на шампионите и стигна до седми триумф во 10-то коло од групната фаза. Разликата во квалитет беше пресудна на оваа балканска пресметка во елитното натпреварување.
Осум месеци откако направи чудо во Премиер лигата, рангирано како едно од најголемите спортски достигнувања, сега Лестер треба да спречи чудо, а тоа е да не дозволи шампион на Англија да испадне од лига. Анализата покажува дека многу работи не им одат како лани.
Кога на 5. јануари седна на клупата, Хал Сити беше на дното. За само еден месец Португалецот Марко Силва успеа да го победи и еднаш да ремизира со неговиот сонародник Мурињо и богатиот Манчестер Јунајтед.
Фудбалерите на ПСЖ минатата сезона остварија рекорд на освојувањето на шампионската титула со најголема бодовна разлика. Во тоа потесно друштво се наоѓа и Вардар благодарение на онаа историска сезона без пораз и со 119 постигнати голови.
Прилепчанецот има сериозна намера да стане прв стрелец на екипата во Серија А, но вели дека тоа би било џабе ако клубот од Сицилија не се спаси од испаѓање во втора лига за што ќе треба пеколна борба.
Хектор Раул Купер е познат аргентински тренер кој во кариерата (тренерска) изгуби шест финалиња а во онаа играчката изгубил четири финалиња. Нема поголем малер меѓу тренерите.
Еден од најдобрите тренери на денешницата го паметиме како играч кој играше со рака во гипс, со пукната аркада и како човек кој правдината ја тера до крај па макар му се испречиле и илјада хулигани.
Дека на Каталонскиот тим му недостига смешкото кој од шала даваше голови и играше самба еден против двајца, докажува тоа што токму него го назначија за амбасадор на Барселона. Тешко дека има таков на кој не му недостигаат магиите кои ги правеше, па затоа ќе се потсетиме на последната додека беше во топ форма.
По големиот триумф над европскиот првак Будуќност на гости, ракометарките на ЖРК Вардар го совладаа Мец и стигнаа до одлична серија од седум победи во низа во Лигата на шампионите.
Од моментот кога ги облекол рударските ракавици на татко му посакал да биде голман. Од родната Полска кариерата го однесе во Ротердам, Ливерпул и Мадрид, градови во кои прослави многу трофеи.
Додека вртиш спортски канали и се мислиш што да гледаш, некако први во око ти паѓаат преполните стадиони во Англија и Германија и депресивно сивите полупразни арени во Италија. Зошто е тоа така?
Полека но сигурно кинескиот капитал ја преплавува Европа. Кинези стануваат газди на француски, англиски, италијански и шпански фудбалски клубови, а „опипуваат“ терен и за влез во НБА, НХЛ, МЛС во САД.
Смешни пенали, повторување на изведувањето на промашените пенали, продолжување на времето од 7 до 10 минути и уште многу спорни коефиценти во кладилниците и големи милионски суми на пријателски натпревари.
Во составот на славниот Бразил кога ќе се споменел хумор и зафрканција, сите со прст покажувале во човекот кој во авион барал банкомат, јадел глушец на жар и ја исплашил чистачката во Бенфика кога на бразилски ѝ побарал лист хартија.
Ждрепките на кои се влечат паровите од најстарото натпреварување на светот во Англија се следат со посебна драж. Така навивачите на петтолигашот Сутон кој се наоѓа во истоименото лондонско предградие паднаа во транс кога дознаа кој ќе им гостува во 5. рунда.
Пред 12 години САД и Аргентина се сретнаа во групната фаза на младинското Светското првенство, а очите беа вперени во две многу надежни деца. Едниот денеска е идол на милиони деца кои сакаат да станат како него, а другиот смени 13 клубови меѓу кои и српска Јагодина.
„Во НБА е важно играчите да биде среќни, а во Европа кога ќе изгубиш одма нервози. Со Атланта еднаш имавме 14 порази по ред, а тренерот ни зборуваше дека сме правеле позитивни ствари, викам што зборува овој. Кога одевме на гостување, ден пред натпревар ни кажуваа каде има добар провод“.
Еден од 22-та браќа и сестри како мал со семејството се сели од Камерун во Шпанија која била почеток на неговиот фудбалски пат. Од другарствата со Марадона и Ето и многу трофеи, стана легенда на Арсенал.
Во сенка на Светското за мажи, вечерва почна главната фаза на женската Лига на шампиони. Вардарки ја совладаа црногорската Будуќност 28-31 која загуби на домашен терен првпат после цели четири години.
Ракометарите на Словенија ја освоија бронзата на Светското првенство во Франција откако ја совладаа Хрватска со 31:30. Најзаслужен за овој историски успех на „Змајчеки“ беше селекторот Вујовиќ кој на 10 минути пред крајот одржа еден говор како генерал пред битка. Хрватите во тие моменти имаа неверојатни осум голови предност.