Во зимскиот период омилени дестинации на европските клубови се Кипар и Турција. Во познатите одморалишта се полнат батерии за пролетниот дел од сезоната, а обложувачите имаат еден куп пријателски натпревари за типување од „допуна“.
Но сомнителноста на конечните исходи на овие пријателски средби отсекогаш била предмет на расправа.
Пред неколку дена, Федербет, меѓународната некомерцијална организација која што се занимава со откривање и пријавување на незаконски работи во спортот врз основа на кладилничарските коефиценти ги објави резултатите на истрагата.
Федербет верува дека постојат неколку сомнителни натпревари меѓу романски и руски клубови кои наводно не ги наместиле играчите, туку судиите.
Еден од најсомнителните дуели е оној меѓу Клуж и УФА. Во финишот на првиот дел немало голови, играчите веќе се спремале за паузата а во еден момент судиите ги запрепастиле сите и го продолжиле полувремето за дури 7 минути.
Во тој период досудиле сомнителен пенал за Клуж, а откако Романците не дале гол од првиот обид, судиите се решиле да го повторат по што паднал гол.
„Верувајте, кога се шутираше првиот пенал стоев кај помошниот судија. Пеналот беше промашен а помошниот судија во ист момент го крена знаменцето. Како се однапред да беше наместено. Тогаш сфативме дека пеналот ќе се шутира додека не го дадат“, изјавил тренерот на руската УФА Перескоков.
Во соопштението Федербет отворено се прашува: „Магија или нешто друго?“ и го анализира вториот сомнителен дуел меѓу Урал од Русија и Астра Ѓурѓу од Романија кој заврши 4:2 за Русите.
На овој меч кладилниците ширум светот примале повеќемилионски суми на играта повеќе од 3 гола:
Освен на Кипар, Федербет направил мониторинг и на средби од турската Анталија каде сомнителен дуел одиграле Пандури од Романија и Крилја Совјетов од Русија. Иако после 35 минути игра немало голови, коефицентот за повеќе од 1,5 гол или 2+ бил само 1.45 и постојано паѓал.
Првата спорна ситуација која им западнала во око на контролорите се случила во 38. минута кога судијата по еден корнер досудил пенал, а после пет минути досуден е уште еден пенал иако никој од играчите не видел никаква причина за пенал (2:20 од видеото долу). Судијата се спрема да свирне пенал уште додека топката е во воздух:
На крајот поминал и типот 3+ (повеќе од 3,5 гола) затоа што мечот завршил 2-2.
Федербет ја издвојува и средбата меѓу Астра Ѓурѓу и Погон од Полска која завршила 3:1 за Полјаците а на која се свирнал пенал без никаква причина.
Оваа пријателска е интересна за јавноста и за тоа што романскиот репрезентативец Кристијан Сапунару свесен дека судијата им поклонил пенал, само ја пипнал топката од белата точка во знак на фер-плеј а судиите го натерале да го повтори пеналот.
Тогаш топката ја земал Даниел Никуале и намерно ја шутнал покрај голот. Моментот е на 1:18 од видеото:
Ништо помалку сомнителна не е ниту средбата во Анталија меѓу романскиот Ботошани и Амкар од Русија која што завршила 3:0 после два крајно непостоечки пенали:
Најголем дел од сомнителните натпревари ги суделе романски судии кои прво демантирале дека тие биле судии, а откако им пратиле видеа од спорните натпревари во Кипар и Турција, не се јавувале на телефонските повици на новинарите. Судиите дури и менувале државјанство и се претставувале како Турци или Кипрани, а едниот од нив дури и си ја избричил главата пред да суди.