Роналдињо си замина од Барселона во 2008-ма, па се пресели во Милан каде остана до 2011-та. Потоа делуваше дека е дел од фудбалска игра чисто поради забава. Настапуваше за Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе и од време на време правеше некои потези како за на Јутјуб.
Со 36 години, многу голови, трофеи и статус на светска мега ѕвезда, славниот Бразилец веќе ќе го нема на терените и ќе работи како амбасадор на Барселона, тимот каде го достигна врвот на својата форма.
За него може да се направи листа на топ 20 голови или топ 50 атрактивни потези, но и тоа е малку. Навивачите ќе се гордеат што се врати да биде дел од каталонското семејство и сигурно паметат со ваков гол се испратија.
Тоа беше тешкото гостување на Висенте Калдерон на 3 март 2008-ма од кое за издвојување е 30-та минута од мечот. Чави нафрла, Роналдињо стрела на спектакуларен начин, во негов стил и со потег кој како да е најнормална работа во фудбалот.
Иако Барселона доживеа тежок пораз од 4:2, пресврт кој го направија Агуеро (2), Макси Родригес и Форлан, сепак ние ќе се осврнеме на човекот кој го задолжи фудбалот и на кој последниот гол за Барселона му е вонвременски.
Хајлатс од мечот
На кам бекот во Барселона