По воведните 1, 2 и 3 сеќавања на фудбалот од минатото, продолжуваме со 4-та епизода носталгичен фудбал во која се Сидорф и Давидс како младинци на Ајакс, Биелса како шампион на Аргентина и други занимливи фотографии.
Првиот полуфинален меч од грчкиот куп меѓу ПАОК и Олимпијакос е прекинат во 89-та минута поради судир на домашните навивачи со полицијата на теренот. Претседателот на ПАОК ја повлекол екипата и нема да патуваат на реваншот во Пиреа.
Магичната формула на Лестер и тајната на нивниот успех е тоа што тие успеваат да го натераат противникот да игра сам против себе. Клучот во тоа е трансформацијата напад – одбрана, каде што по губењето на топката неверојатно брзо на противничката половина се формира одбранбена формација.
Југопапир е страна која што се занимава со пронаоѓање и обработка на стари вредни исечоци од весници. Нам во око ни падна рубриката од А до Ш во која детали за себе открива младиот Драган Џајиќ.
Фудбалерите на Тотенхем беа фаворити против Свонси за зачувување на врвот на табелата, но на полувреме губеа и потоа се мачеа за пресврт. Тие што ја гледале и ја чекале кец, сигурно го колнеле Лукас Фабијански.
Кога Ибра се пресели во Париз за да игра во ПСЖ, прашањето околу сметувањето го реши со месечна кирија од 30.000 евра во стан од 600 квадрати. Но кога моќниот менаџер го видел за прв пат, му рекол прибери тоа поршето и златниот часовник и земи да тренираш асално бидејќи имаш очајна статистика.
По професија новинар, инаку извршен директор на данскиот ДР (нешто како данско БиБиСи), Улрик Хагеруп прави рецензија на сегашната состојба на новинарството, сите негови мутации кои му се случија по пат и како моментално луѓето на новинарите им веруваат само малку повеќе отколку на проститутките.
Во првиот ден од 12. коло во Бизнис лигата на Македонија Еуролинк и даде 10 гола на УНИКА, а до победи стигнаа и екипите на ФАКОМ и Македонски Телеком.
Во категориите кои вообичаено не привлекуваат толку големо внимание спаѓа онаа за краток документарец, во која оваа година имаше еден интересен, получасовен анимиран филм.
Во последното коло пред 16 години Јувентус потона во поплавената Перуџа (1:0 Алесандро Калори), кога Колина го продолжи мечот и покрај тешките услови и врнежите. Лацио порано ја реши Реџина со 3:0 и цел Олимпико заедно со играчите го следеа преносот од стадионот Ренато Кури. На крајот големо славје во Рим за последното скудето до денес.
Нема агент, не користи социјални мрежи. 24 часа е опседнат со фудбалот и е спремен до последен момент да се бори за титулата во Премиер лигата каде заостанува само два бода зад лидерот. Маурицио Почетино.
Четири натпревари - четири победи е учинокот на ракометарките на Вардар на последните дуели од групната фаза во ЛШ каде фатија залет за борбите во четвртфиналето.
Кој и да го замени Сеп Блатер и стане претседател на ФИФА, мора да даде приоритет на реформите кои ќе го исправат родовиот баланс кој во моментов е неправедно неисправен спрема жените.
Првото патешествие на навивачите на Лацио од Македонија во ЛЕ кога 25 души беа во Софија на гостувањето против Лудогорец не им се посреќи. Синоќа ни пишаа од Рим, среќни и задоволни со победа од 3:1 против Галатасарај и гол на Клосе кој го прогнозираа во интервју.
Видео играта базирана на филмскиот блокбастер на Стивен Спилберг E.T. се смета за една од најлошите и најнеуспешни видео игри на сите времиња. Некои сметаат дека токму тој дебакл го означи почетокот на крајот на тогашниот гигант Атари. Ова е приказната за програмерот кој денес лекува програмери.
Зошто некој би лажел дека е најдобро продаван автор? Затоа што супер звучи, а и покажува дека не само што сте напишале книга, туку дека и пазарот пресудил дека таа е побарана од многу други. Титулата е статусна и посакувана. И, најдобро од сè, може да се купи за 3 долари и 5 минути.
Манчестер Јунајтед си поигра со нервите на навивачите во првите 45 минути откако први примија гол, а потоа Мата промаши пенал. Тинејџерот Маркус Рашфорд беше херојот со два гола во второ полувреме. Базел со гол во 92-ра стана осминафиналист, а Борусија повторно беше подобра од Порто.
Дел од популарноста на чинија полна со житарки со млеко или јогурт се должеше на фактот дека тоа е еден од наједноставните решенија за појадок. Но, за денешните млади и тоа е некако напорно.
До сега Британците имаат собрано над 11.000 потписи за петиција во која од Владата се бара да воведе закон против "планирано застарување" - термин што ја опфаќа праксата на компаниите намерно да ги прават своите производи лесни за расипување и невозможни за поправка.