Зошто Тотенхем едвај ја сврте против Свонси

Фудбалерите на Тотенхем беа фаворити против Свонси за зачувување на врвот на табелата, но на полувреме губеа и потоа се мачеа за пресврт. Тие што ја гледале и ја чекале кец, сигурно го колнеле Лукас Фабијански.

Полскиот голман беше торпедиран во својот шеснаесетник и се соочи со дури 34 шутеви од кои два едвај влегоа во вториот дел за пресврт на мечот. Тренерот на Тотенхем изјави дека можеби поставиле рекорд во Премиер лигата.

„За време на средбата поставивме рекорд. Шутнавме повеќе од 30 пати кон гол од кои 15, 16 пати во рамки на гол. Можеби поставивме рекорд и во Премиер лигата. Фабијански беше фантастичен. Изгледаше како да е не е можно да се постигне гол. Мечот течеше и ти доаѓа да си нервозен, разочаран, фрустриран. Кога го постигнавме вториот гол се почувствува неверојатно убаво“, вели Почетино.

Еве колку работа имаше голманот на Свонси.

1 март 2016 - 16:45