Масуд Шојаи уживаше во една завидна фудбалска кариера од родниот Иран па се до височите на шпанскиот фудбалски шампионат. Но ако погледне назад во своите 60 настапи за Мели од Техеран, тој ќе се издиши длабоко пред да сподели едно големо жалење. Мајка му, сестра му и жена му не можеа никогаш да го гледаат во неговата матична земја.
Тоа е затоа што на жените во Иран им е забрането да одат на стадион. Жените кои се обидуваат да се протнат преправени како мажи ризикуваат затворски казни. Тоа е до толку строго што кога одеа преноси од Азискиот Куп во Австралија, снимките со жени беа цензурирани.
Зошто? Бидејќи фудбалот е место каде луѓето се однесуваат лошо и жените мора да бидат заштитени. Решение? Едноставно е, жените треба да бидат вклучени. Членовите на ФИФА денеска ќе гласаат за пакетот реформи во кои меѓу приоритетите е и женскиот фудбал.
Шест од 37 места во новиот совет на ФИФА или 16% ќе бидат резервирани за жени, а континенталните конфедерации и членови ќе бидат обврзани да ги претставуваат нивните законодавни тела со родова еднаквост во размислувањата. Ако се спроведат правилно, овие мерки може да почнат да внесуваат во фудбалската игра родова правичност која е клучна состојка за реформирањето на оваа претежно машка институација.
Зошто е потребно ова? Бидејќи во фудбалот, недоличното однесување и исклучување врз основа на полот се системски и широко распространети.
Пред една година, светот виде ужасни слики од Премиер лигата каде навивачите кои седат на скапи седишта имаа сексистички извикувања спрема докторката на клубот. Тоа се случува со години, без интервенции на властите, очигледно затоа што ова е фудбал со малку валкани шеги нели?
Во Иран истата снимка веднаш се појави на телевизиските новинарски извештаи, оправдувајќи ја забраната за жените на стадион. Во меѓувреме во Англија, истиот доктор потоа беше изоставен од првиот тим, а тренерот тврдеше дека и покрај нејзините години и искуството на високо ниво, таа не разбира кога не треба да се стрча накај повредениот играч за кој судијата побара лекарска интервенција.
Низ светот жените се борат за да бидат дел од најпопуларниот спорт во светот. Сонот на женската селекција на Африка да настапи во Купот на Конфедерации се скрши само затоа што федерацијата заборави да испрати писмо. Девојка од Азија се откажа од фудбал, затоа што нејзиното семејство ја користеше за трговија за да можат да го платат образованието на нејзиниот брат. Интернационални фудбалерки со години чекаат да добијат лиценца за тренери и нивните барања за работно место се занемаруваат во корист на помалку квалификувани мажи кои во очите на избирачките комисии се многу поприроден избор.
Тоа е причината зошто предложив минатата година дека се потребни реформи за родова еднаквост на комисијата за реформи во ФИФА, предлагајќи 30% на родовиот баланс во органите на одлучување. Овие предлози привлекоа голема поддршка.
Ако се усвојат, овие реформи може да бидат платформа за фундаментални промени. Кој и да стане претседател на ФИФА мора да се справува со предизвиците на лидерството во убедувањето на ФИФА и нејзините членови, за да ја вратиме родовата рамнотежа на реформите.
Моја Дод, потпретседател на Азиската фудбалска конфедерација и член на извршниот комитет на ФИФА која играла фудбал за Австралија од 1985-та до 1996 година.