Запознавањето на Златан Ибрахимовиќ со италијанскиот менаџер оди вака:
„Облеков преубава Гучи јакна, ставив златен часовник и се паркирав со Порчето пред влезот на локалот. Очекувам менаџер, но наместо човек во одело се појави еден сосема поинаков човек со фармерки, Најк дуксер, со голем стомак. Мислев дека е некој од Сопранови“.
„Кој е бе овој лик? Треба да биде застапник на сите ѕвезди. Седнавме во ресторан и нарача храна за петмина. Се викаше Мино Раиола. Кога почнавме да зборуваме дебелиот извади тетратка А4 формат со некои имиња и броеви“.
„Значи вака Златан. Кристијан Виери 24 гола на 27 меча, Филипо Инѕаги 20 голови на 25 средби. Давид Трезеге 20 гола на 24 натпревари, Златан Ибрахимовиќ 5 гола на 25 средби. Мислиш дека можам да те продадам со ваква статистика? Мислиш дека си многу кул лик? Мислиш дека можеш да импресионираш со тој златен часовник и Порше? Сè е тоа срање. Сакаш ли да заработиш уште пари или да станеш најдобар во свет?“
„Му реков дека сакам да станам најдобар играч во свет“.
“Тогаш добро. Ако бидеш најдобар ќе си дојде се останато со тоа, а ако се леташ по пари ништо нема да добиеш, разбираш? Мораш да ја продадеш колата, часовниците и да почнеш да тренираш три пати посилно од сега бидејќи статистички си очаен“.
„Почнав да одам на тренинг со клупскиот ФИАТ Стил. Беше досадно и понижувачки признава. Давам сè од себе на тренинзите и на натпреварите. Мино Раиола беше пијавица. Се залепи за мене и не ми даде да дишам“.
„Резултат? Имам плата од милион евра месечно и сум еден од најдобрите играчи во свет“.