Во една ултра луксузна вила јужно од нас, две години по ред доаѓа на одмор гостин од Јуве со годишна плата од 30 милиони евра, јака женска и четири деца. Тој не само што ужива господски, туку им остава бакшиш на домаќините со кои може цело лето да имаат за добар џепарац.
Откако во 180 и кусур минути им дадоа вкупно 8 гола на Хрватска и Англија (4:1, 4:2), Романците предводени од синот на легендарниот Хаџи, Јанис Хаџи се најпријатно изненадување на Еврото и заслужено одат во следна фаза. Еден од најдобрите нивни репрезентативци е голманот на Џенова.
Од основањето на фудбалската репрезентација на Кувајт, оваа селекција до денес играла само едно Светско првенство и тоа едно го одбележал принцот на оваа земја, Шеик Фахад кој слегол на терен.
Паралелно со Копа Америка 2019, се игра и Голд Куп, турнирот на Северна и Централна Америка. Таму Мексико синоќа ја победи Канада со 3:1 а голот кој го даде капитенот и ветеран Гвардадо беше најубав гол досега таму.
Секоја година во НБА се одржува драфт, настан кои многумина ги интересира повеќе дури и од финалната серија, особено навивачите на франшизите кои не влегле во плејофот или испаднале во рана фаза.
Кошаркарскиот натпревар на денот ни доаѓа од Чиле, каде едни душички од Ел Салвадор имаа нерамноправна (според сликата) кошаркарска пресметка со врснички од Америка. Некој мами тука со годините, како е можно до волку да се разлика?
Серијата „Чернобил“ на HBO е лидер на листата серии со најдобар рејтинг во историјата според IMDb. Светската јавност и натаму трага по причините и последиците на хаваријата во Чернобилската Атомска централа во 1986 година.
Играчи доаѓаат и си одат, претседатели и тренери доаѓаат и си одат. На Сан Паоло покрај навивачите секогаш ќе биде симболот на соблекувалната на Наполи, Томазо Томи Стараче кој го правел најубавото кафе.
Од 24 членови на извршниот одбор на ФИФА кои ја донесоа одлуката СП 2022 да се игра во Катар, 16 добија метла. Чисто како факт кој треба да се надоврзе на денешната вест за француската фудбалска легенда.
Синоќа во Торонто се одржа првата шампионска парада во историјата на овој град. На улиците излегле повеќе од 1,5 милиони жители. Првите почнале да се собираат уште во 5 сабајле. Имало пукотници, огномети, истрели, нереди и многу испиен алкохол.
Мал клуб се со мал стадион и скромна историја, ама затоа се многу големи и разумни во однос на политиката кон своите навивачи. Тие ги исполнуваат трибините со 80%, а управата не само што ги цени, туку и ги наградува. Респект за клубот на Барди.
Во тек е најстариот турнир за репрезентации на свет - Копа Америка 2019, издание кое летово се игра во Бразил и каде дојдоа две селекции кои како да бодат очи кога ќе се спомене Јужна Америка а тие не се од таму.
Европскиот шампион им се заблагодари на ракометарите за епскиот успех кои го направија со Вардар: „Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо“.
Поранешниот легендарен фудбалер, а сега мегаѕвезда во стручните аналитички студија Гари Линекер објави интересен твит во кој има статија за непопуларноста на името Гари.
Цели 26 години Аргентина чека на трофејот од Копа Америка. Нацијата сонува како Меси го крева толку посакуваниот пехар. Со подновен состав ќе го напаѓаат тронот.
Дабари, мрмоти и верверички се животинчињата кои редовно се појавуваат на легендарната патека за Гран При во Монтреал. Пилотите возат толку брзо што само во ретки случаи и со чиста среќа успеваат да избегнат немили настани со животните.
Европскиот шампион го претстави својот нов предводник од клупата. Станува збор за шпански тренер кој ќе се обиде да ги повтори епските успеси на неговите сонародници кои ги водеа црвено-црните.
Ако планиравте да одморите од фудбал после финалето на Лига на шампиони, сте се зафркнале. Во петок према сабота почнува Копа Америка - турнирот за најдобрите селекции од Јужна Америка каде се живее за фудбал.
Фудбалската репрезентација на Турција ја изненади Европа откако после Холандија, убедливо го совлада и светскиот првак Франција и тоа на исто место - во градот Коња каде во минатото не играле речиси никогаш.
Фудбалерот на Манчестер Сити, Украинецот Александр Зинченко после убедливиот триумф над Србија, во едно интервју се занесе и ја бакна новинарката Влада Шеглова во директен пренос.
Во 3. коло од групата Г во квалификациите за Евро 2020, Македонија изгуби 0:1 (0:0) од Полска и остана на третото место со 4 освоени бода. Пјонтек само што влезе даде гол.
Светскиот број 1 со 3:0 во сетови го совлада Александар Зверев и се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос. Во вториот поен од осмиот гем во првиот сет судијата Кјотавонг досуди аут после еден силен сервис на Зверев, а Новак ја преиначи неговата одлука и доби аплаузи.
Постои анегдота дека клубот Наполи немал доволно пари да го донесе Марадона од Барселона, па така жителите на Неапол собирале пари да го помогнат трансферот. На крај, на 30 јуни 1984-та година, Аргентинецот доаѓа во Наполи и на градот му носи две скудета, први во историјата на клубот.
Португалија со 3:1 ја совлада Швајцарија и се пласираше во полуфиналето на Лига на нации. Сите три гола од кои еден од слободен удар за европскиот шампион ги постигна Кристијано Роналдо.