Зинченко дојде во Сити на инсистирање на Пеп Гвардиола и за брзо време стана еден од најстандардните во екипата која што ја освои Премиер лигата. На младиот левокрилен играч добро му оди и во репрезентацијата, а синоќа покажа и други вештини после квалификацискиот меч со Србија.
Новинарката Шеглова го прашала Зинченко за претстојниот меч од квалификациите за Евро 2020 против Луксембург, а тој наместо одговор страстно ја бакна.
Новинарката се засрами и му даде збор на студиото. Инаку новинарката работи за каналите Фудбал 1 и Фудбал 2, а во Украина е позната и како Влада Седан.
Во мај годинава оваа новинарка постирала фотографија со Пеп Гвардиола од базата на Манчестер Сити, а досега не постирала заеднички фотографии со младиот Зинченко кој од друга страна објави фотографија со Влада на својот Инстаграм.
Новинарката Влада Седан се прослави за време на Европското првенство 2016 кога режисерите често „ја ловеа“ во кадар за време на натпреварите на репрезентацијата на Украина.