Во Чиле се игра кошаркарско првенство за девојки до 16 години во организација на ФИБА во кое учествуваат земји од Северна, Јужна и Средна Америка.
Сè е тоа океј, се додека на ред не дојде дуелот меѓу САД и Ел Салвадор на кој да не знае човек дали да се смее, да тагува или па да попушти малце.
Под доминација за Американките не се подразбира само тоа што ги освоиле шесте последни олимписки златни медали, како и двете после светски првенства, туку и ова што ќе го видите на фоткава.
Каков ли резултат да се очекува од оваа во старт загубена битка? Прва четвртина 34:5, втора 23:4, трета 33:9, четврта 24:1. САД – Ел Салвадор конечни 114:19.
Селекцијата на САД имала 30 украдени топки кои ги претвориле во 41 поен, а овие од Ел Салвадор шутирале со 14,6% од поле.
Немало потреба од хајлајтси
The USA Women's U16 National Team was off and racing today in Puerto Aysen, Chile, in its #FIBAU16Americas opener, defeating El Salvador 114-19.
— USA Basketball (@usabasketball) June 18, 2019
»» https://t.co/al911Y9I9P#USABWU16 pic.twitter.com/rPc08FiMp4
Па уште и цел меч го има на мегдан