Кристијано постигна гол од слободен удар за првпат во сезоната 2018/2019. Последен пат од прекин беше прецизен на Светското во Русија кога го матираше Давид Де Хеа.
Со трите гола синоќа против Швајцарија, Роналдо стигна до бројката од 7 хет-трика за репрезентацијата. Првпат три гола за Португалија на еден меч постигна во септември 2013-та против Северна Ирска, а најпознатиот хет-трик во националниот тим му е оној со Шпанија на Мундијалот 2018.
Синоќа го отвори резултатот од слободен удар:
Во историјата на репрезентацијата на Португалија има 23 хет-трика од кои Кристијано постигнал 30%. Во целата своја кариера досега фудбалерот на Јувентус има 53 хет-трика!
Вториот гол на Кристијано:
Третиот гол синоќа против Швајцарците му беше маестрален:
Stepovers. ✔️
— UEFA Nations League (@UEFAEURO) June 5, 2019
Fierce strike. ✔️
Hat-trick complete. ✔️@Cristiano keen to be in Sunday's Goal of the Tournament vote! ⚽🔥#NationsLeague | @SOCARofficial pic.twitter.com/O56wipT46U
Со овој хет-трик Роналдо уште повеќе го забетонира првото место на вечната листа најдобри стрелци за Португалија. Тој синоќа ги даде 86-от, 87-от и 88-от гол за репрезентацијата. Далеку зад него е некогашниот шпиц на ПСЖ Паулета со 47 гола.
Кристијано сега има големи шанси да го стигне најдобриот стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал - Иранецот Али Даеи (109 гола).
Колку за споредба, сите играчи на Швајцарија дојдени на Лига на Нации имаат вкупно 88 меча за репрезентацијата. Лионел Меси има 65 гола за Аргентина. Роналдо е прв во Португалија не само по головите, туку и по настапите. Синоќа го одигра 157-от меч за својата земја. Зад него е Луис Фиго со 127 настапи.
Што се однесува до возраста, најстар играч кој дал гол за Португалија е Рикардо Карваљо кој во март 2015-та на возраст од 36 години 10 месеци и 11 дена постигнал погодок. Кристијано има 34 години и 4 месеци.
„Одамна се навикнавме на тоа. Роналдо со години прави чуда. Ова за никој не е изненадување. Тој направи хет-трик и за него тоа не е ништо посебно. Сам ги решава исходите на мечевите“, рекол Бернардо Силва од Манчестер Сити кој му асистираше на Кристијано за вториот гол.
****
За Португалија дебитираше и детето кое го сметаат за наследник на Роналдо, 19-годишниот Жоао Феликс од Бенфика. Пред крајот од првиот дел Роналдо имаше одлична асистенција до Феликс но тој падна после еден дуел за кој имаше видео-повторување но судијата не виде ништо.
Португалија влезе во финалето на Лига на нации каде ќе игра или со Англија или со Холандија.