Новинар на колото

Рафаел Ескриг има 31 година, тој е познат шпански новинар за гигантот ДАЗН и има свој Јутјуб канал. Ескриг добил акредитација да го следи натпреварот Каират Алмати - Олимпијакос во далечниот Казахстан. Температурите движеле од -17 до -21.

УЕФА пред неколку дена го преместила натпреварот Каират - Олимпијакос од Алмати во Астана затоа што во Алмати од каде што доаѓа Каират било 10-15 степени постудено, паѓал снег и немало никакви услови за игра. Претходно со Реал Мадрид (0:5) кога Мбапе им даде три гола играа дома на својот стадион „Орталик Алмати“.

Во Астана сега стадионот бил затворен па условите биле колку-толку поприфатливи.

Од таа причина навивачите на Каират го бојкотирале натпреварот зошто растојанието меѓу двата града е 1.232 километри, со кола се патува повеќе од 13 часа а временските услови се сурови во овој период од годината.

Првиот твит на мрежата Х на Рафел му бил:

„Ова е температурата која се очекува вечерта за време на натпреварот кој ќе го следам неделава. Никогаш во живот не сум почувствувал нешто слично. Постои реална шанса да се смрзнам. Награда за тој што ќе погоди каде одам...

„Само што слетавме во Астана каде утре се игра натпреварот. Страшно е студено. Се очекува температурите утре да бидат -24 Степени.... и токму тоа го затекнавме кога стигнавме. Боже мој.

При слетувањето објавил видео со коментар:

„Овде почнува најдолгото патување во историјата на каналот. Стигнавме до планините на Алмати во Казахстан, само неколку метри до Кина. Овде игра најисточниот тим во историјата на Лига на шампиони.

Ако умрам од смрзнување, тоа е нивна вина“.

Друг корисник кој го следи Рафаел му напишал: „Температурите во Астана се движат од -40 до +40 степени Целзиусови, а зградите се изградени со користење посебна техника за да издржат топење или собирање на металот. Ја познавам Астана на топло и тоа е сосема друга приказна: овој студ е луд. Ако одиш во Алмати купи си јаболки, од таму потекнуваат. 

„Казахстан ме воодушеви. Им кажавме дека дојдовме од Шпанија и дека не заинтересира нивниот фудбал, а ова е втор ресторан каде ни дадоа чоколада во знак на гостопримство. Какви неверојатни луѓе!

ПС: На телевизорот оди Валенсија - Севиља.“ 

Следниот ден:

„Добар ден“ 

„Кога стравот те вика... можеш само да му одговориш“. Или да се покакаш како јас што направив“.

„Неподносливо е. Неподносливо, неподносливо. Другиот дел од телото ми е во ред ама лицето после пет минути на студ од -30° не можев да го почуствувам“. 

Некој го прашал како камерите работат на -30 степени Целзиусови:

„Дури и луѓето што живеат тука ни викаат дека денес е МНОГУ ладно. Едвај може да се види еден или двајца луѓе на улица“. 

„Ова е центарот на деветтата најголема земја во светот и се чувствувам како да шетам низ шума во Лапонија. Сега се упатуваме кон фудбалскиот стадион. Невозможно е да се издржи повеќе од пет минути“.

„Ви ја претставувам Астана Арена! Најдобриот стадион во Казахстан, покриен со вештачка трева и грејни панели. Температурата е 0º но нема да има многу луѓе на стадион бидејќи навивачите на Каират го бојкотираат натпреварот зошто нема да се игра во нивниот град“. 

„Стадионот е практично празен, скоро да има повеќе луѓе од Грција отколку од Казахстан. Бојкотот добро им поминал но не разбирам зошто повеќе локално население не е заинтересирано за Лига на шампиони.

Неверојатно е колку чудни работи доживуваме....“

„Ама гледано од тука и нема така малку луѓе“ 

„Признајте, денес не сте очекувале да ги видете Рафаел Ексриг и Хавиер Алберола Рохас заедно на вештачка трева на казахстански стадион“. Рохас е шпански судија кој пред неколку недели го судеше градското дерби Атлетико Мадрид - Реал Мадрид. Сега бил судија на дуелот во Казахстан од Лига на шампиони меѓу Каират и Олимпијакос.

На крајот Олимпијакос славеше исклучително важна победа 0-1 и со три бода си заминал од студената ноќ во Астана, а нашиот колега го има подвигот на сезоната во далечниот Казахстан. 

10 декември 2025 - 13:46