- Тони Крос е светска класа играч на својата генерација, кој за 17 години кариера освои вкупно 34 трофеи со Баерн Минхен и Реал Мадрид, како и светска титула со Германија.
- Како шесткратен освојувач на ЛШ, играше со врвни имиња и против дел од најдобрите играчи во последните 20 години и повеќе.
- Богатото портфолио и фудбалската интелигенција која ја поседуваше, му даваат целосен легитимитет да избере топ 11 на сите времиња по свое. Иако се фокусирал на поновите времиња, без да се навраќа на минатото и покојните легенди како Марадона, Кројф и Бекенбауер.
- ФК Тетекс утрово информираше дека Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во текот на ноќта.
- Тетовскиот клуб ја потврди тажната вест за прераното заминување на 21 годишниот играч, кој беше нераскинлив дел од екипата.
- Николовски ги имаше поминато сите младински категории на Тетекс, по што својата кариера и верност кон клупските бои ја продолжи настапувајќи и за сениорскиот тим.
- Прашање на време беше кога најголемиот на сите времиња според многумина, ќе ја соопшти тажната вест дека се пензионира од репрезентативниот фудбал. Лионел Меси пред неколку недели и официјално се прости од репрезентативниот дрес на Аргентина и сега ќе ни биде тешко да се навикнеме на „гаучосите“ без магичната 10-ка.
- Меси преку официјално соопштение изјави дека се повлекува од репрезентацијата. Тој во 2022 ја носеше Аргентина до толку сонуваната титула Светски шампион.
- Во ситуација кога во репрезентативна пензија летово замина и стоперот Никлас Отаменди кој му беше заменик-капитен на Меси, сега капитенската лента ќе ја носи досегашниот трет заменик капитен, стоперот Кристијан „Кути“ Ромеро кој летово од Тотенхем премина во Атлетико Мадрид.