„Нам Италијанците многу ни фали домот. Чуствувам дека нешто ми фали“, рекол Маурицио Сари во скорешното големо интервју за Vanity Fair.
Овие зборови на Сари ги потврди и неговиот претходник Антонио Конте кој исто вети дека нема да остане долго во странство. Сари зборувал и за работите кои му фалат („Ми недостигаат другарите, родителите, роднините кои ретко ги гледам“).
Во првите денови во Англија, Сари го прашувал својот помошник Џанфранко Ѕола, како во Лондон стојат работите со италијанските ресторани и продавници. Ѕола, кој 7 години го носеше дресот на Челси и стана голема легенда, а го тренираше и Вест Хем во Лондон, не го задоволил својот главен тренер со одговорите.
Еднаш Сари организирал достава на производи од Италија специјално за него во Лондон. Меѓу нив имало моцарела од млеко на биволица од Казерта, градче близу Неапол, сирење коешто Маурицио сака да го јаде со шпагетите, сос од домати и босилек.
Кога во септември лани го прашале Сари како му проаѓа адаптацијата, тој рекол: „Храната е поважна од се друго, но јас се навикнувам на месото и лососот тука. Сепак уште не можам да најдам никој кој вари кафе како Томазо“.
*****
Томазо Стараче (за Наполитанците Томи) е легендарен член на клубот Наполи во кој престојува повеќе од 40 години. Тој почнал во 1977 година како помошник кувар, а со текот на времето сменил многу улоги и прославил две шампионски скудета со Марадона.
Стараче му помагал на Аргентинецот со облеката: Диего сакал да игра без влошки во копачките, па кога ќе ги скинел копачките, за да не му влегуваат трња, Томазо Стараче му ги покривал дупките.
„Носеше еден пар копачки, излегуваше на терен и даваше голови. Сериозно смирено работеше и секогаш си одеше последен од тренинг“, се сеќава Томи Стараче на најубавите времиња во Наполи.
За време на Светското 1990 во Италија, Стараче исто му помагал на Марадона. Тој бил задолжен за опремата на Аргентина. Им направил и пица па сите рекле дека никогаш никаде не јаделе така вкусна пица.
Неговиот главен рецепт е еспресото за кое отворено зборувал и Сари во Лондон. Томи Стараче од 1989 година правел единствено еспресо. Вкусот на неговото кафе не се менувал па го пиеле и Марадона и Кавани и Лавеци и Игуаин и Сари.
Игуаин например се чудел кога дознал дека во Јувентус кабинерите не спремаат такво кафе. Прашал: „Кој носи кафе овде“?, а соиграчите му рекле дека може да најде само мате.
„Кафето за мене е најголемо задоволство. Тоа е симбол на гостопримство. После ручек се пие за да помогне во варењето на храната, се пие во друштво кое се насладува на вкусот“, вели Страче.
Тој го спрема во старо мока ѓезве во кое кафето се прави под силна пареа (еспресо во домашна варијанта).
Некогашниот бек на Италија и на Наполи, Кристијан Маџо му подарил на Томазо посебно ѓезве украсено со боите на Наполи и кое ја свири мелодијата на италијанската химна кога кафето е спремно. Но стариот Стараче бил навикнат само на своето старо ѓезве.
Тој секој ден станува рано сабајле и вози 150 километри до базата на Наполи во Кастел-Волтурно за да им ги спреми маиците за тренинг и копачките на играчите, и секако да спреми кафе за оние што пијат. Пример Полјакот Петр Зелински рекол дека во Неапол има чудесни јадења, а дека кафе не пиел и не пробал.
Еден од оние кои најмногу се дружеле со Стараче е Дрис Мертенс. Белгиецот не сакал да слушне за друго кафе освен за она на Томазо. Тие двајца се дружат и на заедничките клупски вечери а еднаш и заиграле.
Томазо Стараче има акаунт со 50.000 следбеници. Профилната слика му е со дресот на Мертенс. Томазо секогаш се слика со играчите на Наполи. Во февруари годинава тој им го скршил срцето на навивачите кога уште пред официјалната објава од клубот, напишал да трансферот на Марек Хамшик. Објавил фотографија со дресот на Словакот и напишал: „Дресот кој веќе нема да биде дел од нашата соблекувална“.
La maglia che non farà parte più del nostro spogliatoio 😘🎉 pic.twitter.com/30lKwdXoVd
— Tommaso (@TommyStar55) February 8, 2019
Во кругот на клубот постои анегдота дека секој може да си оди од Наполи, но Стараче и неговото чудесно кафе ќе останат. Сега еспресо на тренинзите на Наполи пие Карло Анчелоти. Маурицио Сари, новиот тренер на Јувентус додека бил на Сан Паоло пиел по три чаши еспресо пред секој меч и тоа му било суеверие.
Сега во Јувентус ќе може да пие само од клупскиот бар или од кафематите. А омиленото еспресо на Сари, Kimbo се произведува токму во Неапол, градот кој за жал тешко ќе му прости на Маурицио што отиде да го тренира најомразениот ривал.