ШТО Е ТОА ДРАФТ?
Драфт во превод од англиски означува „повик“ (план) - се одржува секоја година по завршувањето на сезоната во НБА. На церемонијата, која традиционално се одржува во Њујорк (до 2010-та драфтот минуваше во легендарната Медисон сквер гарден, а од 2011-та во арената на Нетс, прво во Њу Џерси, а сега во Бруклин).
На драфтот НБА клубовите по ред ги користат своите права на млади кошаркари од целиот свет.
Драфтот нема допирни точки со европскиот систем на спорт, каде од децата прават врвни спортисти во академиите и младинските секции.
Во Америка постои поинаква вертикала на спорт којшто е интегриран во системот на образование: школо - универзитет - професионален спорт. Секој спорт во САД има свои нијанси, а во кошарката шемата е наједноставна. После средно школо, најдобрите играчи добиваат спортски стипендии на универзитетите а за тоа се грижи асоцијацијата NCAA од каде потоа студентите ги драфтуваат во НБА.
Од 2022 година НБА планира одново да дозволи на драфтот да се појавуваат играчи директно од средни училишта, без да мора да поминат преку колеџ, како што направија Коби Брајант, Кевин Гарнет, Леброн Џејмс и други од 1995 до 2005 година.
ОД КОГА ПОСТОИ ДРАФТОТ?
Првиот драфт во НБА се одржал во 1947 година. НБА за основа го зела драфтот од Националната фудбалска лига која драфтувала играчи од 1936 година: клубовите од НФЛ распределиле права на фудбалери кои уште не биле професионални. Ако се копа подлабоко, драфтот може да се сретне уште во 1921 година во бејзболот кога во МЛБ лигата имало повик за играчи од пониски лиги.
ЗОШТО Е ПОТРЕБЕН ДРАФТОТ?
Основната идеја на драфтот е да им се даде шанса на сите клубови во својот состав да имаат врвен кошаркар, а не само на најбогатите. Целата филозофија потекнува од потребата за рамноправност меѓу франшизите.
Драфтот оневозможува ситуации на кои сме навикнати во европскиот спорт каде богатите ги купуваат најголемите ѕвезди, а во нивните академии има млади бисери од целиот свет. Во НБА секој клуб може да добие шанса на идна ѕвезда ако стекне право да ја одбере на драфтот.
КАКО СЕ ОПРЕДЕЛУВААТ МЕСТАТА НА ДРАФТОТ?
Врз основа на тоа како клубот играл претходната сезона. Редот на драфтот е обратен од табелата во регуларната сезона, па така што пониско место завршиш на крај од сезоната, толку повисоко место добиваш на драфтот. Настапот во плејоф нема никакво значење. А првите четири броја на драфтот се одлучуваат со фамозната лотарија.
Сите клубови кои не влегле во плејофот имаат шанса да добијат еден од првите четири пика. За да се определи кој бира прв, кој втор, кој трет, секој мај се одржува лотарија.
За време на церемонијата на ждрепка, се извлекуваат четири кулги од 14. Според комбинаториката, трите најслаби клубови во лигата имаат 14% од шансите на победа на лотаријата, четвртиот има 12,5% од шансите итн. Најдобриот клуб кој не поминал во плејофот има околу 0,5% веројатност да победи на лотаријата.
Бројот на победи не влијае на шансите туку само местото на крајната табела. Процедурата е четири пати да се влече, за да се избрерат првиот, вториот, третиот и четвртиот број.
ЗОШТО Е ПОТРЕБНА ЛОТАРИЈА?
Системот во кој најслабите клубови бираат први на почеток бил нејасен и „порочен“ затоа што секој клуб намерно можел да губи пред крајот од сезоната што повеќе натпревари, за да падне на самото дно на конечната табела и да бира прв.
Оваа стратегија жаргонски беше наречена tanking. До 1965-та година во НБА важело правило на „територијален драфтпик“ кога клубовите можеле да бираат играчи само од блиските колеџи. Но кога листата се проширила, ова правила го замениле а правото на избор го решавале со фрлање на паричка - две екипи кои завршиле последни во своите конференции така имале по 50% од шансите на првиот пик.
Така монетата во 1979 година решила Меџик Џонсон да заврши во ЛА Лејкерс, а не во Чикаго.
Во 1985 година лигата решила да се решава на ждрепка и тоа не само за последниот и претпоследниот клуб во лигата, туку за сите оние кои не влегле во плејоф. Во 1987 година системот бил корегиран, така што и тие кои не влегле во плејофот имале рамни шанси на прв, втор и трет пик на драфтот.
Во 1990 година бил утврден актуелниот систем кој важи и ден денес, а во кој веројатноста на победа на лотаријата за прв пик на драфтот е поважна од местото на табелата во регуларната сезона. Процентите на веројатност се менувале од година во година, а најсвежиот систем со најрамни шанси за првите 3 пика бил воведен годинава.
Реформата успеала па сите три клуба кои минатата сезона не изгубиле само 20 меча, меѓу кои и најлошата (Њујорк Никс) победиле на лотаријата.
КОЛКУ КОШАРКАРИ СЕ БИРААТ НА ДРАФТОТ?
НБА драфтот се состои од две рунди. Во НБА има 30 франшизи, така што на драфтот се бираат 60 играчи. Секој клуб има по место во првата и втората рунда.
Играчите од првата рунда на драфтот добиваат загарантиран договор на две години за определена сума (клубовите имаат можност подоцна да им го продолжат договорот на трета или четврта сезона). А играчите од втората рунда потпишуваат како слободни агенти.
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ТИЕ КОИ НЕ СЕ ИЗБРАНИ НА ДРАФТОТ?
Тие играчи стануваат слободни агенти и можат да потпишат со која било екипа од НБА, ако за нив постои интерес. Секоја година околу 20 новајлии неизбрани на драфтот, добиваат шанса да заиграат во НБА.
МОЖЕ ЛИ ДА СЕ ВЛЕЗЕ ВО НБА И ВОН ДРАФТОТ?
Можно е.
ДРАФТУВАНИТЕ ИГРАЧИ ИГРААТ ВЕЌЕ ОД СЛЕДНАТА СЕЗОНА ВО НБА?
Не е задолжително. Клубот е обврзан да потпише договор со избраниот играч на драфт ако тој бара такво нешто, но клубот има право да се договори со играчот за тоа да одигра некое време во друга лига, а во НБА да потпише подоцна.
Правата на играчот не истекуваат. Например 51-годишниот Аугусту Бинели кој Атланта го бирала пред 30 години, иако тој никогаш не заиграл во НБА важат уште. А Сакраменто има права на легендарниот Дејан Бодирога кој ја заврши кариерата во 2007 и стана најдобриот играч во современата историја кој не се пробал во НБА.
Во најголем дел овие кошаркари играат во Европа, во Латинска Америка, во Кина или во Австралија. Сан Антонио на пример има права на десетина Европејци: од младите Милутинов и Лалан до ветераните Лорбек и Принтезис кои тешко да се вратат во Северна Америка.
Но во последните години клубовите од НБА праќаат свои драфтувани играчи и во својата американска „фарм-лига“ (Џи Лига) на калење.
Правилата на студентската NCAA не им дозволува на играчите после драфтот да се вратат да играат на колеџ до одреден датум. Поради тоа играчот кој се појавува на драфт, после него мора да стане професионалец или во НБА или во друга лига.
Тој може да продолжи да се обучува на колеџот, но без стипедии и ќе биде принуен сам да го плаќа обучувањето без да игра за спортските екипи на универзитетите.
КАКО ИЗГЛЕДА ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ДРАФТОТ?
Претставници од сите клубови се собираат на едно место и почнуваат да бираат играчи по ред На изборот на играчи во првата рунда имаат 5 минути, а откако ќе истече ова време менаџерите на клубовите треба да му го кажат името на комесарот на НБА Адам Силвер.
После тоа Адам излегува на сцена и објавува за направениот избор на секој клуб. Го повикува избраниот играч кој присуствува во салата и се ракува со него. После пет минути бира друг клуб и така до крај.
ШТО ЗНАЧИ ЗЕЛЕНАТА СОБА?
Познатата Green Room се наоѓа зад главната сцена каде комесарот ги објавува изборите. Тука доаѓаат највисоките пикови на драфтот. Обично бројката на поканети за интервју варира од 15 до 20. Секој играч добива свое место каде седи со своето семејство и се претставува.
Интересно, првите 3-4 пика на драфтот не гарантираат успех. Од последните 30 први пика на драфтот, само петмина станале шампиони во НБА, од кои двајца (Кајри Ирвинг и Тим Данкан) во составот на клубот кој ги одбрал. (Леброн беше избран од Кливленд, но тој замина во Мајами па се врати како слободен агент).
МОЖНО ЛИ Е ДА СЕ ОДБЕРЕ ИДНА ЅВЕЗДА КОЈА СЛАБО КОТИРА НА ДРАФТ?
Секако. Двократниот МВП и еден од најдобрите играчи кои играле во НБА, Стеф Кари бил избран како седми пик на драфтото во 2009 година. Дирк Новицки како 9. пик на драф во 1998, Коби Брајант кој стана најпопуларен спортист на планетата бил избран како 13-ти исто како и Карл Мелоун.
Актуелниот НБА шампион и МВП на финалето Кавај Ленард беше избран како 15. пик како и Јанис Адетокумбо. Никола Јокиќ и Дрејмонд Грин беа бирани дури во втората рунда на драфтот каде секоја година се појавува кошаркар кој е способен да стане лидер на тимот.
КОЈ ЌЕ БИДЕ ЅВЕЗДА НА ДРАФТОТ 2019?
Најдобро котира крилото Зајон Вилијамс. Меѓу највисоко оценетите играчи се и двата бека Ар Џеј Берет и Џа Морант. Некој од нив ќе ги оправда очекувањата, а некој можеби нема.
КАКО МОЖЕШ ДА КОНКУРУРАШ НА ДРАФТОТ?
На драфт може да се најдеш „автоматски“, а може и на свое барање. Што значи автоматски? Тоа значи дека на драфтот доаѓаат две категории на играчи:
1. Оние студенти кои одиграле најмалку 4 сезони во NCAA - такви биле Тим Данкан во 1997-ма и Дрејмонд Грин во 2012. Годинава таков е гигантот Тако Фал.
2. Играчи кои претходно настапувале во странство а кој до драфтот ќе имаат максимум 22 години - денес најчесто кошаркари од Европа, Азија, Латинска Америка, Австралија и Африка родени после 1997 година.
Автоматски може да се најдеш на драфтот и ако си учел во американско училиште или универзитет, а потоа си отишол во странство по професионален договор. Такви примери се Брендон Џенингс во 2009 и Емануел Мудиај пред неколку години.
КАКО СЕ АПЛИЦИРА ЗА ДРАФТ?
Ако играч не собрал четири сезони на колеџ или не сака да чека да наполни 22 години, тој може да се пријави преку early entry. За такво нешто треба да аплицира до канцеларијата на лигата со официјално писмо за својата кандидатура. Интересно најголем дел од играчите сезонава, дури 84 се пријавиле преку early entry. Од нив само неколку ќе се најдат меѓу сигурните 60. Предност имаат оние со најмалку 19 години и оние кои се студенти или играле во странство. Секој заинтересиран клуб има право да се договара и консултира со играчот кој сака и може да го одбере.
КОЛКУ ПАТИ ИГРАЧ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ НА ДРАФТ?
На драфт може да учествуваш само еднаш. Но играчот може да аплицира до крајниот рок (годинава за студентите од NCAA датумот е 29 мај, а 10 јуни е краен рок за странските кошаркари).
КОГА Е ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ДРАФТОТ?
Во 3:30 ноќеска од четврток кон петок, а ќе може да се следи преку регистрација на сервисот NBA LEAGUE PASS.