Познато е дека Кастро бил стар семеен пријател со Пјер и Маргарет Трудо, родителите на актуелниот канадски премиер. Но фрапантната сличност меѓу Фидел и Џастин покрена лавина приказни дека таа блискост во некој момент била претерана. Што има да читате понатаму, ќе кажете: „Tатко му е бе, видов на интернет“.
Сигурно некој од вас кога бил ограничен со кеш додека посетувал некоја метропола, морал да одбере дали да купи карта за туристичка прошетка на стадион или за натпревар. Ако ги сакате и двете само со пари за посета на стадионот, еве една луда и успешна идеја која бара храброст, неспиење и гладување.
Се повеќе либерали ја повикуваат Клинтон да побара пребројување во трите клучни држави кои ја овозможија победата на Трамп: Висконсин, Мичиген и Пенсилванија. Барањето се базира на тврдењето на американски експерт за компјутерска безбедност, според кого некоја надворешна сила (Р-У-С-И-Ј-А) би можела да ги хакне изборите. Тој го разработува и целото сценарио за потенцијалното хакирање.
Американската федерална комисија за трговија ќе бара од производителите на хомеопатски што-и-да-се-тоа јасно да обележат дека нивните производи не функционираат.
Најновиот омилен негативец на демократите (дури и Обама фати да го хејта), директорот на ФБИ Џејмс Коуми, на 28 октомври во писмо до американскиот конгрес објави дека повторно ја отвора истрагата против Хилари, поради постоење на нови докази. Како и претходно, и овој пат Хилари страдаше поради напален маж.
Десет годишна студија заклучува дека суплементите на калциум можат да го зголемат ризикот од срцево заболување, иако исхраната богата со калциум помага во заштита на срцето.
Новинарите на Телеграф ни го откриваат и второто славно фудбалско име за кое имаат докази дека е дел од корупциски скандал. Синоќа тоа беше селекторот на Англија, а сега поранешна ѕвезда на Челси. Браво дечки.
Меѓу шумата од конвенционален разум подржан од најразлични аргументи, докази, студии, се наоѓа лингвистот Бенџамин Бергер, професор по когнитивни науки на Универзитетот Калифорнија, Дејвис, самопрогласен љубител на вулгарности и автор на книгата за правилно пцуење пред деца.
Откако ЛЕД уличното осветлување почна да се омасовува низ американските градови, Американската медицинска асоцијација седна да направи посериозна студија која на крај ги потврди претходните тврдења - ЛЕД сијалиците емитуваат невидлива сина светлина која може да го наруши сонот и потенцијално да го зголеми ризикот од рак и срцеви заболувања. Бонус, ЛЕД автомобилските светла ноќно време го влошуваат гледањето.
Претворањето на исламските милитанти во организација финансирана со пари од продажба на дрога е брилијантен начин во исто време да удриш по џихадистите, и да му наметнеш грижа на совест (и основа за помагање на тероризам) на секој вклучен во купување и продажба на дрога. Плус, е совршено прифатлива приказна за медиумите и секој што е задоволен само со читање наслови на вести.
Уште од првиот момент кога имаат пристап до огледало мажите се во паника дека нивните скалпови ќе останат сами на себе, па анегдотата од римско време е дека лаворовиот венец што Цезар го носи на глава многу повеќе е негов обид за сокривање на ќелавоста, отколку некаква посвета на боговите.
На бразилската фудбалска легенда денеска многу медиуми му посветија простор за да му го честитаат јубилејниот 40-ти роденден, а други тоа го направија во неделата на 18-ти. И сега настана конфузија дали Роналдо е роден на 18-ти или 22-ри септември? Дилемата е решена.
Очајни времиња за спортот на Кипар каде проценките одат и до 67% сомнителни, наместени исходи на натпреварите. Претставени се нови правила, но дали ќе се решат проблемите?
Лесно се навлекува човек како нас на читање судски пресуди од нашиве јуристички вукојебини (за последната "Багра" види овде). Просто му даваат драгоцен увид со што уствари се занимава Македонија додека тој копа по Гардијани и Атлантици. Прајслес. Препорачуваме да читате и вие, да не се правите утре изненадени од некои изборни резултати, некои ТВ рејтинзи и слично.
Базиран врз истоимената книга, ова е биографски филм за еден индиски математичар, кој без формално образование успеал да даде огромен придонес во неколку математички области. Не мора да знаете математика за да го гледате, а по пат можеби нешто ќе научите.
Во книга под истоимениот наслов Маргарет Хефернан ги истражува менталните и емоционалните механизми преку кои одбираме, понекогаш свесно а понекогаш не, да замижиме во ситуации во кои „сме можеле да знаеме, и сме требале да знаеме, но не знаеме, затоа што тоа незнаење нè прави да се чувствуваме подобро“. Знаете за што зборуваме, нели?
Да, попрецизно е Пресли наместо Присли ама така го имаме завикано. И да, попрецизно е да се каже дека на денешен во 1977 година Кралот умре, на 42 годишна возраст. Само што не ни се верува.
Црвените кругови кои се појавија на телата на американските пливачи на Летните олимписки игри, се "терапија" која наводно го подобрува протокот на крвта. Во реалност, станува збор за надрилекарство чиј единствен резултат е згрутчување на крвта.
Олимписката легенда вели дека организирањето на Игрите е економски благодет за градот и земјата домаќин. Олимписката реалност е Рио, пишува професорот по економија Ендру Зимбалист.
До сега беше потребно секоја поставена хипотеза научно да се докаже, а потоа доказот дополнително да се потврди од независни истражувања, пред сознанијата официјално да се прифатат во мејнстрим науката. Но, тоа е целосно погрешно! Еве пример како вистински треба: