Манчестер Јунајтед и Арсенал минатата сабота во 13:30 го играа дербито на колото во Премиер лигата, а во очи на дуелот на Олд Трафорд се случуваше една од најхрабрите навивачки авантури за кои сме пишувале.
Двајца навивачи на Јунајтед на ден пред мечот заминаа на туристичка тура на стадионот со една цел, а тоа е дали ќе успеат да го измамат строгото обезбедување во Премиер лигата и да останат таму се до натпреварот. Мисијата изгледа тешка и невозможна, но на момците им успеа. Скоро до крај.
Додека водичот ги шеташе туристите во подтрибинскиот простор во еден момент двајцава скршнаа божемски ќе одам до тоалет и погодете што направија таму? Седеа цела ноќ. Обезбедувањето освен што не откри дека некој од групата фали, не успеа да ги фати дека се во тоалет ниту следниот ден.
Општо познато е дека на стадионите нема игла каде да се фрли, особено за волку важен натпревар, па доколку за овие двајца навивачи кои беа без карти се најдеа две слободни места, веројатно никој немаше да ги улови. Но тие беа штрчеа на стадион и паднаа во стапица откако беа откриени дека немаат каде да седнат.
Доста храбра сторија на овие двајца момци кои сето тоа одлично го уснимиле со докази како дремат во тоалет. По оваа приказна беше доведено во прашање обезбедувањето на Манчестер Јунајтед, па клубот излезе со став за случајот:
„Свесни сме дека луѓе сè ќе сторат за да бидат на натпревар на Олд Трафорд, но овие луѓе отишле предалеку. Со фактот дека им бил извршен претрес на нив и на нивните предмети пред влезот, значи дека сме убедени дека не постои ризик за безбедноста на стадионот“.
Откако ги фатија, момците детално раскажаа во полиција за целата авантура и кога беа пуштени се почестија со пица за успешната авантура која ги остави гладни и неспиени.
Инаку 80 минутна посета на Олд Трафорд чини 18 фунти, а ако сакате турата да ја гледате гага во скратена верзија со помош на камерата на натрапниците, повелете: