Писма на читатели кои се заебаваат со фактот дека вода од тенџере 100% лечи рак

До сега беше потребно секоја поставена хипотеза научно да се докаже, а потоа доказот дополнително да се потврди од независни истражувања, пред сознанијата официјално да се прифатат во мејнстрим науката. Но, тоа е целосно погрешно! Еве пример како вистински треба:

Сите знаеме дека во Македонија официјално се признати разни алтернативни типови медицина, како легитимна и легална пракса за лечење на болестите на современиот човек. Македонските алтернативни лекари имаат свој огромен придонес во светската наука. Имено, согласно најновите сознанија, актуелната научно истражувачка работа е темелена на сосема погрешни принципи!

До сега  беше потребно секоја поставена хипотеза научно да се докаже, а потоа доказот дополнително да се потврди од независни истражувања, пред сознанијата официјално да се прифатат во мејнстрим науката.
Но, тоа е целосно погрешно!
Еве пример како вистински треба:

Правиш препарат по твој рецепт и со него третираш секакви болештии - нормално со 100% успех. Кој се сомнева нека докаже дека не е вистина.
На овој принцип науката веќе нема да биде обременета од непотребни и скапи истражувања, студии,

проверки, докази и слични губења време. Научниот напредокот ќе биде експлозивен и несметан. На секој чекор ќе се создаваат епохални откритија. Иднината на Македонија зависи од тоа.

Еве пример како замрзната вода во тенџере може да лечи од рак:

Поздрав,
Миро

* повеќе за тенџерето

** повеќе за алтернативната медицина во Македонија: Јавно здравје без импакт фактор

4 август 2016 - 09:39