Само неколку часа по триумфот на Барселона против Лас Палмас од 3-0 пред празен стадион (празен од безбедносни причини поради нередите во Каталонија), и Реал го одигра својот меч против Еспањол. На „Сантијаго Бернабеу“ имаше илјадници шпански знамиња во знак на поддршка на унионистите.
На дуелот Бартон - Вулверхемптон во Чемпионшип, гостите водеа 0-3 уште на полувреме. Третиот гол го даде Рубен Винагра кој прослави како Португалецот Кристијано Роналдо.
Моќниот состав на ПСЖ го попари Бордо со 6:2. Два гола на Нејмар, по еден на Кавани, Мбапе, Дракслер и Мењер. Прашањето околу победникот беше решено уште по првите 45 минути по кои ПСЖ имаше 5:1. Господинот 222 милиони евра постигна голчиште од 30 метри за сите пари. Вториот му беше од пенал по кој прв го гушна Кавани. Издвојуваме 4 од вкупно 8-те гола.
Италијанците викаат дека нема никогаш да фатиш на спортска бидејќи можноста е една на 38 милиони. Прашајте го дечково од Италија дали е така. Се изначека и на крај дочека.
Фудбалерите на македонскиот првак загубија 3-1 од норвешкиот шампион Розенборг во 2. коло од Лига Европа. Хуан Фелипе постигна убав гол, прв во групната фаза.
Бенфика доживеа потоп и можеби најтежок пораз во европските натпреварувања. Конте и Челси освоија екстремно важни три бода пред самата судиска свирка за крај, а Јувентус рутински го победи Олимпијакос.
Во второто коло од Лигата на шампионите Рома вечерва му гостува на шампионот на Азербејџан којшто е во егзил во Баку повеќе од 20 години по разурнувачката војна во Агдам.
Фудбалерите на турскиот шампион Бешикташ се најпријатното изненадување во првите две кола од Лигата на шампионите. Носени се на крилјата на пеколно гласните навивачи од кои некои играчи вистински се плашат доле на тревникот.
За разлика од Бундеслигата каде се со еден примен гол, Милионерите ги загубија двете кола во ЛШ со идентични 3:1 и ризикуваат елиминација во групна фаза. 400 меча за Роналдо, хет-трик на Хари Кејн на Кипар, два од два за Бешикташ, дебакл на Монако, промашени пенали на Феенорд и Манчестер Сити.
Во пресрет на дербито меѓу Пелистер и Вардар кое заврши со победа на гостите од 0:1, битолчани дадоа објаснување за тоа кога, како и зошто почнале да се мразат со скопјани.
Во второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите, скопски Металург загуби од условно аутсајдерот на овој меч, Бешикташ со 31-27 и го запиша вториот пораз.
По гостинскиот триумф против Висла Плог, ракометарите на Вардар ја заверија и втората победа во новата сезона од Лига на шампиони. Нант не беше лесен залак и пружи достоен отпор. Мала минутажа за Кире Лазаров кој не постигна ниту еден гол.
Кога во елиминациски двомеч на првата ќе загубиш 3:0, тоа не е невозможна мисија за враќање. Барем не за Ривер Плејт кој во четвртфиналето од Копа Либертадорес се соочи со таков убедлив пораз од Вилстерман. На реваншот на првакот на Боливија му се случи резил кој во превод значи 8:0. Пет комада им збрца Игнасио Скоко кој од 9-та до 19-та минута постигна хет-трик.
На голманите во Шпанија веќе е и нормално да им се тресат нозете кога играат против Леванте, а на слободен удар се мести Енис Барди. Гол број 3 за македонскиот репрезентативец во Ла Лига и вкупно петти од слободен со се пријателските. Еден од колегите не сакаше да му дозволи да шутира. Чуму? Па најдобар е во тоа.
Сè започнало со интервјуто на ултра-талентираниот млад тренер на Хофенхајм, Јулиан Нагелсман којшто му раскажал на репортерот на Eurosport повеќе отколку што треба.
За 1. октомври во Каталонија е планиран референдум за отцепување од Шпанија. Што ќе се случува тие денови и како после него ќе живеат Барселона, Еспањол, Жирона и 20 други каталонски клубови - не знае никој.
Телото за борба против расизмот Kick It Out пишало допис до клубот Манчестер Јунајтед по објавените видеа на кои се слушаат необични скандирања за Ромелу Лукаку.
Одлуката на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор да го поскапи рентањето на Градски, ги избрка Вардар и Работнички од својот матичен стадион. Капитенот на Вардар реагираше на Фејсбук.
Тоа „Стар е кај го купуваат сега на 30 или 31 година“ е само погрешна проценка. За фудбалер да кажеш дека е стар на тие години е смешно, особено ако ја видите возраста на еден Фалкао или Роналдо кои се родени 86-та. Во Франција сезонава не се врти се околу ПСЖ и нивните пари.
Беше малку потценет и му фалеше континуитет во настапите, но без разлика на сè, беше играчиште и непредвидлив со тоа шутчето од далеку. Дури и на син му не му било јасно колку ценет татко има.
На фудбалерите на Барселона тоа им успеа на 44 меча по ред, на Баерн Минхен 61, ама и едните и другите се далеку од Реал Мадрид кој во среда најверојатно ќе го мине рекордот и на Сантос.
По ланските два дуела во групната фаза, кои завршија со победа на Монпеље (28-18 и 30-24), тимот од Автокоманда ја загуби и трета меѓусебна пресметка во првото коло од новата сезона 2017/2018 во Лигата на шампионите.
Комплетното раководство на ФК Вардар отвори душа за сите тековни работи во и околу клубот. Тотално се разочарани од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор кое им побарало 40.000 евра за еден меч на „Филип Втори“.