Вие нас 3:0? Еве ви 8 парчиња

Кога во елиминациски двомеч на првата ќе загубиш 3:0, тоа не е невозможна мисија за враќање. Барем не за Ривер Плејт кој во четвртфиналето од Копа Либертадорес се соочи со таков убедлив пораз од Вилстерман. На реваншот на првакот на Боливија му се случи резил кој во превод значи 8:0. Пет комада им збрца Игнасио Скоко кој од 9-та до 19-та минута постигна хет-трик. 

 

22 септември 2017 - 14:39