Пред крајот тој неиспровоциран, самиот рекол: „Можно е преминот во Баерн да ме направи малку посреќен“.
Иако Баерн Минхен бил само еден од топ-клубовите во светот во кои 30-годишниот Нагелсман би сакал да работи, сепак по жестоката реакција на социјалните мрежи, Нагелсман набрзо му се извинил јавно на Карло Анчелоти и навел дека се работи за недоразбирање.
Меѓу тренерите постои кодекс да не се плеткаат во туѓа работа додека некој клуб има свој тренер.
За волја на вистината, самиот Анчелоти сега има многу поводи да сомнева дека Баерн пред една година постапил правилно кога потпишал со него. Минатата година трофејниот Италијанец тешко и со мака го оствари баварскиот тренерски норматив да се освои Бундеслигата благодарение на што го задржаа на должноста уште една година.
Управата на клубот дури и би се оглушила на недостиг на трофеи ако екипата игра допадлив фудбал. Очигледно Анчелоти недоволно го почитува првиот член од статутот на клубот - Баерн да биде најдобар во Германија во се.
Како да не му се доста проблеми, па Анчелоти продолжува да дува во жарот од конфликтот со Франк Рибери. На неодамнешниот меч во Лига на шампиони против Андерлехт, Французинот излезе на 10 минути пред крајот при резултат 3:0 и додека излегуваше луто го фрли дресот на страна („Рибери на клупа? Јас му велам дека тој е како Ферари а Ферари не се вози секој ден“).
Скандалозните зборови на Роберт Левандовски дека му е неверојатно досадно да игра против условно Фрајбург, одлично го карактеризираат стилот на водење тим на Анчелоти.
Играчите како да бегаат од курсот и публиката со право незадоволно прашува: Што е со дисциплината? Зошто никој не прави ништо да се нормализира? Ова се однесува пред се на најдобриот напаѓач на светот кој се жалеше на несразмерниот број пред-сезонски натпревари на далечниот Исток.
Кога и да го критикуваа Анчелоти со право поради фактот дека Баерн е премногу едноставен и предвидлив, Италијанецот ја верглаше истата фраза: „Околу мене слушам многу разговори за стратегии, тактички формации и шеми. Ова е премногу. Фудбалот е многу поедноставен. На крајот на сезоната ќе организирам голема забава за сите оние кои не се задоволни со моите методи на работа. Гарантирам дека ќе има првокласна закуска и пијалаци“, ноншалантно им рекол Карло на германските новинари.
Интервјуто на Нагелсман одекнало гласно затоа што тој сега е најдобриот германски тренер во Бундеслигата. Во последните 20 домашни средби Хофенхајм собрал најмногу поени. Станува збор за 30-годишен феномен.
ГРЕШКА НАПРАВИЈА ЕДНАШ И НЕ САКААТ ДА ЈА ПОВТОРАТ
Во Минхен не сакаат повторување на грешката од 2008 година. Тогаш изборот паднал меѓу Клоп и Клинсман а газдите на клубот решиле дека бронзениот од Светското првенство 2006 е поперспективен па потпишаа договор со Клинси.
Од друга страна харизматичниот Јирген Клоп слета во Дортмунд каде освои две титули а Клинсман не доработи ниту до крајот на првата сезона во Баерн. Германскиот кореспондент на The Guardian, Рафаел Хонигштајн е уверен дека Нагелсман е готов да дојде во Баерн во најскоро време:
„Не можам да кажам дека Анчелоти е на чекор од пропаст, но постојат гласини дека нема да го одработи договорот до крај. Него ќе го замени Јулијан Нагелсман. Мислам дека тоа прашање веќе е решено“, вели Хонигштајн, стручњак за германски фудбал.
А кого и би викнале на должноста главен тренер, ако не човекот кој ги знае недостатоците во играта на Баерн подобро од било кој во моментов? Нагелсман здраво го проучил германското првенство така три меча по ред Баерн Минхен не може да го победи Хофенхајм (1:1, 0:1, 0:2).
ESPN пишуваше дека во случај раскин на договорот со Баерн Минхен, Анчелоти би можел да се врати во Премиер лигата.
ИДЕАЛЕН КАНДИДАТ ЗА ГИГАНТОТ БАЕРН
Јулиан паметно работи со млади фудбалери. На новото место тој сигурно би ги викнал Себастијан Руди и Никлас Ѕоле а за некоја година би им се присоединил и Серж Гнабри кој сезонава е на позајмица... токму во Хофенхајм.
БАВАРСКО ДЕТЕ
Нагелсман е роден недалеку од Минхен и секогаш го сметал овој град за роден. Во ’90-те уште како мал тој редовно одел на натпреварите на Баерн Минхен а имал и дрес од легендарниот Мемет Шол. Пред две години купил земјиште и изградил куќа за неговото семејство близу Минхен.
Тоа не значи дека секој тренер кој ќе купи куќа во Минхен автоматски е кандидат за тренер на Баерн, но желбата на Нагелсман да биде во близина на жена му и детето може да биде одлучувачки фактор во изборот на нова средина (а и кој е луд да го одбие Баерн Минхен?).
Интересно, Хофенхајм притоа мирно реагирал на неговата желба да работи во топ-клуб. Сите знаат дека да се задржи Нагелсман до крајот на договорот во 2021 година е екстремно нереално. Нагелсман не пуши и со тоа ќе мора да се помири новиот спортски директор на Баерн Минхен Хасан Салихамиџиќ. Брацо пред пар недели стасал на должноста, но се замерил со главниот физиотерапевт на екипата кој стриктно забранил пушење во тренинг базата.
Ако бидне трансферот на Нагелсман во Баерн, сосема е можно со него во Минхен да дојде и Алекс Розен, 38-годишен менаџер кој во моментов се занимава со кадровски решенија во Зинсхајм (тој ги донел репрезентативците Керем Демирбаја и Сандро Вагнер во Хофенхајм).
ДОЛГО НЕМАЛО ГЕРМАНЕЦ НА КЛУПАТА НА БАЕРННеобично но вистинито. Последен пат Германец го водел Баерн Минхен пред 4 години после што донеле стратешко решение клубот да стане интернационален бренд и да го викнат најдобриот стручњак на светот. Целта беше достигната - Пеп Гваридола го направи Баерн светски мега бренд а азиските турнеи станаа пракса.
Но тука се изгуби германската идентичност на која работеше Ули Хенес. Сега претседателот на Баерн е спремен да направи нова ера и да се откаже од големите имиња само за да земе свое дете.
На крајот од краиштата, Лига на шампиони на Баерн му ја носеа само германски тренери - Удо Латек, Дитмар Крамер (2), Отмар Хицфилд и Јуп Хајнкес.
Некои извори за германските медиуми наведуваат дека во договорот на Нагелсман, Баерн Минхен внел откупна клаузула во случај да го бара друг клуб вредна 5 милиони евра која што не може да биде активирана порано од 2019 година.
Главното прашање е - спремен ли е самиот Нагелсман на 30 години да го води најголемиот клуб во Германија и можеби во Европа?
Тој ќе мора да мисли не само на новата игра на Баерн туку и на „боречките пензии“, на конфликтите, протестите и внатрешните поделби. Знаеме како Нагелсман може да гради, но не знаеме каков е кога се руши, така што без оваа вештина подобра да не доаѓа во Баерн.