Махерот се вика Антонио, живее во Неапол и за него не важи правилото ќе чекам да дојде вторник или петок да искочи билтен, па ќе пишам ливче.
Тој му ја седнал на Bwin и направил растур систем. Одиграл 20 натпревари, ама ги врзал од повеќе кола и исходот од тикетот го чекал две недели.
Антонио избрал натпревари од Серија А, неколку странски првенства, Лига Европа и Лига на шампиони, а тие му носеле добивка од 121.315 евра.
12 меча ги бркал фиксови, 5 ги играл двојна шанса и 3 ги одиграл на голови. Од 20-те средби италијанските медиуми пишуваат дека погодил три гостински победи.
Милан против Австрија Виена во првото коло од ЛЕ, потоа Барса против Спортинг и Реал против Борусија во второто коло од ЛШ. Средбата Аталанта - Евертон која заврши 3:0 ја одиграл 3+.
Нема информација колку вложил.