Реал Мадрид го израмни светскиот рекорд на Пеле

На фудбалерите на Барселона тоа им успеа на 44 меча по ред, на Баерн Минхен 61, ама и едните и другите се далеку од Реал Мадрид кој во среда најверојатно ќе го мине рекордот и на Сантос.

По пауза од 54 години се појави фудбалски клуб кој успеа да постигне гол на 73 меча по ред. Тоа е дело на Европскиот првак Реал Мадрид, подвиг за почит.
 
Голгетерската серија ја почнаа на 30 април 2016-та и тоа сосема случајно на истиот стадион каде ја направија синоќа истата онаа на Сантос која се чинеше недостижна.
 
Тогаш стрелец на победата беше Герет Бејл за конечни Реал Сосиедад - Реал Мадрид 0:1, а синоќа нивната пресметка заврши 1:3 и меѓу стрелците повторно беше Велшанецот.
 
Од тогаш Кралевите погодија на 73 средби во низа во Ла Лига, Копа дел Реј, Лига на шампиони, Светско клупско првенство, Супер Куп на Шпанија и Супер Куп на Европа и на нивната мапа стои и арената Филип Втори.

Постигнаа 198 голови од кои 49 се на Кристијано Роналдо, 21 на Карим Бензема, 20 на Алваро Мората, 14 на Марко Асенсио, 13 на Серхио Рамос, 12 на Иско...
 
Сантос во тоа време за време на нивната серија го освоија бразилското првенство, Копа Либертадорес и Интерконтиненталниот куп во 1962-ра година. Тие постигнаа 245 гола и направија скор од 52 победи, 14 нерешени и 7 порази. 85 гола беа на Пеле.
 
Реал Мадрид за три дена има лесна шанса да го сруши овој рекорд бидејќи во среда во рамките на домашното првенство го пречекува Реал Бетис.
 
Последниот тим кој успеал да ја сочува мрежата со нив е Манчестер Сити во полуфиналето од ЛШ.
 

18 септември 2017 - 10:26