6 натпревари, 10 обиди, 9 гола

Тоа „Стар е кај го купуваат сега на 30 или 31 година“ е само погрешна проценка. За фудбалер да кажеш дека е стар на тие години е смешно, особено ако ја видите возраста на еден Фалкао или Роналдо кои се родени 86-та. Во Франција сезонава не се врти се околу ПСЖ и нивните пари.

Искуството во Премиер лигата за Радамел Фалкао е за заборав, па дури и веќе заборавивме како изгледаше во дрес на Манчестер Јунајтед и Челси.
 
Пазете ја споредбава. За две сезони во гигантите на англискиот фудбал одигра вкупно 36 натпревари во Премиер лигата и постигна 5 гола, а сезонава во Монако ги одигра сите 6 првенствени натпревари и постигна 9 гола.
Неговиот неприкосновен старт во новата сезона му извади израмнување на еден подзаборавен рекорд во француското првенство. Тој е првиот фудбалер по 40 години кој успеал да постигне 9 гола во првите 6 кола во Лига 1.
 
Тоа што е уште поимпресивно е неговиот нишан кој на 31 година скоро и да не е изместен. 9 од неговите 10 обиди во првенството завршиле во гол, па сега вие видете што ќе беше ако се обидел 20 пати да шутне во гол.
Фалкао даде еден гол против Тулуз, хет-трик против Дижон, еден против Мец, два против Олимпик Марсеј и уште два викендов против Стразбур.
 
Со вакво темпо на голови тој ќе ја збрише бројката од лани кога на 29 средби постигна 21 гол.
 
Фалкао за 2:0 против Стразбур

Па за 3:0

18 септември 2017 - 14:56